8ми март Истра и Плитвички Езера

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Истра и Плитвички Езера, Хрватска

Датум

03 март – 07 март 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Истра и Плитвички Езера
  Бисерите на Хрватска

1 ДЕН: СКОПЈЕ 03.03.2022

Состанок на групата во 17:00 часот од паркингот на Holiday In – Скопје. Ноќно возење преку Србија и Хрватска со попатни паузи за одмор.

 

2 ДЕН: ПУЛА – БРИОНИ – ПУЛА 04.03.2022

Пристигнување во Пула во утринските часови: панорамски разглед на Амфитеатарот (влезница се плаќа), Августовиот храм (влезница се плаќа), Славолука Сергијевац,градски сали, градби со австриска архитектура, Каштела (влезница се плаќа), Мал римски театар, Црквата на Свети Фрањо, Капелата на Света Марија Формоза, … Сместување во хотел. Слободно време за одмор. Во попладневните часови (факултативна) посета на Бриони: Кратко патување до Фажан, возење со брод до Островот Големи Бриони (“Veliki Brioni”) и разглед со локален водич со посети на: Црквата Св. Марија, Каструма-стара населба од периодот на Римјаните и Готите, градините, посета на римски вили во заливот… Во вечерните часови, враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ДЕН: ПУЛА – ПОРЕЧ – РОВИЊ – ПУЛА 05.03.2022

Појадок. (Факултативна посета на Пореч и Ровињ.) По појадокот заминување за Пореч и посети на: Стариот дел на градот од римско време, Комплексот Еуфазијева Базилика (влезот се плаќа), Плоштадот Марафаор, Поречките кули, палати од готскиот период, романички куќи, Истарски Цркви од готскиот период, остатоци од Големиот храм на Нептун … Патувањето го продолжуваме до Ровињ и посета на: Стариот дел од градот, градските бедеми и порти, Црквата Св. Еуфемија… Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови враќање во хотел. Ноќевање

 

4 ДЕН: ПУЛА – ОПАТИЈА – ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА 06.03.2022

Појадок. По појадокот, одјава од хотелот и заминување кон Опатија: панорамска посета на Вила Ангиолина (влезот се плаќа, парковите на Св. Јаков и Св. Ангиолина, Фонтаните: Хелија и Селена, Фонтаната Слатина, Црквите посветени на Св. Јаков и Црквата на Благовештението, хотелот Кварнер. Заминување кон Плитвичките Езера и посета на Националниот Парк со лоален водич. Слободно време. Во вечерните часови преку Хрватска и Србија заминување за Македонија. Ноќно возење со попапатни паузи за одмор.

 

5 ДЕН: СКОПЈЕ 07.03.2022

Пристигнување во Македонија во утринските часови.

 

Цената на аранжманот по лице изнесува:215€
 Тргнувања од Битола, Прилеп,  Велес, Штип,  Скопје и Куманово

 

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Автобуски превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во Пула -2 ноќевања со вклучен појадок во хотел 3 *
  • Разгледи и посети споменати во програмата
  • Организација и реализација на програма и услуги на туристички водич

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Посета на Ровињ и Пореч 25€
  • Посета на Бриони 30€
  • Плитвички езера 20 € (влезница за националниот парк и 3 часовен разглед со локален водич)
  • Влезници за културно-историски споменици споменати во програмата
  • Останати индивидуални трошоци кои не се споменати во програмата
  • Патничко осигурување 5
  • Туристичка такса
  • Доплата за 1/1 соба

 

Цени на влезници за индивидуални посети:

  • Еуфазијевата Базилика во Пореч: 8
  • Амфитеатарот во Пула: 7
  • Каштел во Пула: 4
  • Августовиот Храм во Пула: 4
  • Вила Ангиолина во Опатија: 3

 

Факултативи

  • ( ДЕЦА 2 – 12 години имаат попуст)
  • Бриони: возрасни 30 € / деца 25 €
  • Ровињ и Пореч – 25 € / деца 20 €
  • Факултативните посети не се задолжителен дел од програмата;
  • Агенцијата не сноси одговорност за промена на цената на билетите за факултативните посети и истите зависат од слободните термини на локалитетите како и од бројот на пријавени патници;
  • Термините на факултативните посети се променливи
  • Факултативите задолжително се резервираат во агенцијата при самата уплата по избор!

В А Ж Н И  И Н Ф О Р М А Ц И И

Секој програм е креиран со посебни услови. Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата.

Цената на аранжманот е пресметана на минимум 18 лица (за авионска) или 45 (за автобуска). Доколку не се оствари минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот или на факултативите 7 дена пред терминот за тргнување.

2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поагање

Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа и уплата на аконтација која е неповратна во случај на отказ од страна на патникот.

Аконтацијата се уплака: од 50% за авионски и 30% автобуски програм доколку не е поинаку назначено.Цената е загарантирана само за целосна уплата. Во спротивно, загарантиран е само износот на аконтација, а остатокот е подлежен на промени.

Патникот го потпишува Договорот за патување штом го прочитал Аранжманот и е согласен со истиот.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu