ВЕЛИГДЕН ВО ИСТРА
ПУЛА-БРИОНИ-РОВИЊ-ПОРЕЧ-ГРОЖЊАН-МОТОВУН-ОПАТИЈА
Прв ден: 20.04.2022 (среда) – Кавадарци-Скопје-Пула
Поаѓање на групата од Кавадарци во 16.00 часот и од Скопје во 18.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Хрватска со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.
Втор ден: 21.04.2022 (четврток) – Пула
Пристигнување во Пула во пладневните часови. Сместување во хотел „Pula“ 3 *** (https://www.hotel-pula.hr/). Слободно време за одмор од патувањето. Потоа организиран разглед со локален туристички водич на Пула, најголем град на истарскиот полуостров кој според преданието го основале уморните морепловци од стара Хелада кои сакале да се скријат во заливот. Пула се спомнува уште во грчката митологија во приказната за Јасон и Медеј кои го украле златното руно. Најголемата туристичка атракција во градот е еден од најдобро сочуваните римски амфитеатри изграден во првиот век кој популарно го нарекуваат Арена каде денес се организираат концерти, филмски фестивали и многу културни настани. Слободно време за индивидуални прошетки во градот. Враќање во хотелот. Ноќевање.
Трети ден: 22.04.2022 (петок) – Пула-Фажана-Бриони
Појадок. Заминување на групата на организиран излет на Националниот парк Бриони(факултативно). Најпрво се упатуваме кон местото Фажана од каде со брод заминуваме кон Бриони, местото кое е познато како некогашна резиденција на претседателот на поранешна Југославија, Јосип Броз Тито. Легендата вели дека ангелот посакал дел од Земјата да го обликува според сликата од Рајот. Така настанала Истра. Но љубоморниот ѓавол го уништил неговото дело истурајќи ја вреќата во која ангелот ги носел остатоците од неискористените камења, па илјадници камени карпи се распослале по истарската земја. Растажените ангели ги собрале деловите од Рајот останати меѓу камењата и ги заштитиле со морски бранови. Така настанал архипелагот Бриони, составен од два големи и неколку помали острови-вкупно 14 кои ја сочинуваат единствената убавина на Истра од кои најголемиот е Голем Бриони чиј разглед трае четири часа во придружба на локален водич на хрватски јазик. Автохтони растенија, ливади на кои безгрижно пасат елени и муфлони, археолошки локалитети како и сафари паркот во кој заедно живеат зебрите, сомалиските овци, индиските говеда, лама, но и истарските овци, кози и говеда се само дел од излетничката програма која делумно ќе се реализира со туристички воз. Во текот на разгледот се посетуваат малата готска црква Св. Германа од 15-от век со постојана изложба на копија на фрески, како и Брионската градина која претставува врвна атракција со 169 различни видови автохтони билки. За време на поранешна Југославија островите биле летна резиденција на претседателот Тито, за што сведочи богата музејска збирка фотографии „Тито на Бриони“ . Островот може да се пофали со еден од најголемите голф терени во Европа. По завршувањето на разгледот се враќаме повторно назад во Фажана. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
Четврти ден: 23.04.2022 (сабота) – Пула-Ровињ-Пореч
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Ровињ, најромантичното место на Медитеранот, градот кој многумина го нарекуваат Монте Карло на истарската ривиера. Тоа е еден од најчесто фотографираните хрватски градови, со разнобојни куќи кои како да се издигаат од морето кон катедралата Свети Еуфемија, со камени поплочени улици полни со уметнички галерии, со ренесансни и барокни палати… Разглед на градот со локален туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални прошетки. Во пладневните часови ја напуштаме оваа сентиментална морска атмосфера и заминуваме кон Пореч. Сместување во хотел „Porec“3*** (www.hotelporec.com) кој се наоѓа на само 200 метри од строгиот центар на градот. Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуалнни прошетки низ градот кој нуди интересна мешавина на средновековно наследство. Најпозната знаменитост е Еуфразијевата базилика од VI век, прекрасна градба од ранохристијанската архитектура ставена на листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Ноќевање.
Петти ден: 24.04.2022 (недела)- Пореч-Грожњан-Мотовун
Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич на целодневен излет во континентално-зелениот дел на Истра, во двата града кои се фаворити во централна Истра: Грожњан и Мотовун (факултативно). Грожњан е сместен над долината на реката Мирна, на надморска висина од 228 метри. Тоа е единствената средновековна урбана целина каде во последните 275 години не е изградена ниту една нова градба и единственото место во Хрватска каде мнозинството жители се Италијани. Во 1965-та година Грожњан е прогласен за Град на уметниците – денес тука има дваесетина галерии и речиси постојано на камените улици се одржуваат уметнички манифестации. Грожњан е единственото место од каде имате можност да ја погледнете Истра со очите на уметниците. Потоа продолжуваме кон Мотовун, најбајковитиот град во Хрватска. Блиската шума под градот е дом на познатата подземна печурка тартуф која се смета за крал на хрватската гастрономија.Пред да започнеме со организираниот разглед на градот ќе имате можност да ја доживеете авантурата лов на тартуфи следејќи ги во шумата дресираните кучиња кои неуморно го бараат „Златото од Истра“, богатството скриено на 10-20 см под Вашите нозе (факултативно). После ловот кој е несекојдневно доживување и вистинска релаксација, се упатуваме на дегустација во традиционално домаќинство Миро Тартуфи ( http://miro-tartufi.com/en/). Потоа продолжуваме кон организиран разглед на градот во кој влезот со автобус е невозможен, па затоа се искачуваме со шатл автобус. Мотовун е раскошен стар акрополски град сместен на врвот на 277 метри висок рид, преполн со фотогенични глетки од кои застанува здивот. Тоа е градот со богато наследство: градска врата со кула, ренесансна палата, градска ложа, средновековниот распоред на улиците… Околу градот се шират лозови насади на кои се одгледува грозје од познати сорти на истарските вина-теран и малвазија. Во попладневните часови враќање во Пореч. Ноќевање.
Шести ден: 25.04.2022 (понеделник)-Пореч-Опаија-Скопје-Кавадарци
Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Опатија. Слободно време за индивидуални прошетки на познатото приморско шеталиште Фрањо Јосип на брегот на Јадранското Море. Пристигнување во Македонија во понеделник, на 26. септември во раните утрински часови.
Промотивна цена за уплата до 15.03.2022…. 309 евра (19.160 денари)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………319 евра (19.780 денари)
(плаќање во денарска противвредност)
Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30% аконтација до 15. март и целосна доплата до 01. април
Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:
– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Две ноќевања со појадок во хотел „ Pula“ 3*** во Пула
– Две ноќевања со појадок во хотел „ Porec“ 3*** во Пореч
– Локален туристички водич за разглед во Пула, Бриони, Ровињ, Грожњан и Мотовун
– Влезница за Бриони (автобуски превоз, бротски билет на релација Фажана-Бриони-Фажана, влезница за островот Бриони со вклучен водич на хрватски јазик)
– Организиран лов на тартуфи и дегустација
– Билет за локален автобус до градот Мотовун
– Организација на патувањето и туристички придружник
Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:
– Доплата за еднокреветна соба – 50 евра
– Туристичка такса во Пула и во Пореч- 5 евра (се плаќа во агенцијата)
– Патничко осигурување
НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници
Услови за влез во Хрватска според Одлука на Штабот за цивилна заштита на Р.Хрватска :
– Поседување на негативен ПЦР тест не постар од 72 часа од моментот на тестирањето или брз антигенски тест на SARS-CoV-2 кој е наведен на Заедничка листа на брзи антигенски тестови кои меѓусебно ги признаваат државите членки на ЕУ, а која ја објавува Европската комисија, ако резултатот не е постар од 24 часа од моментот на тестирање до доаѓањето на граничниот премин.
– Поседување на потврда не постара од 270 дена по примени две дози вакцина која се користи во државите членки на ЕУ (Pfizer, Moderna, AstaZeneca, Gamaleya, Sinopharm, Novavax), и е поминато 14 дена од примената втора доза на вакцина против COVID -19. Или доколку се работи за вакцина која се прима само во една доза (Janssen/Johnson&Johnson) и ако е поминато 14 дена од примањето на таа една доза, поседување на потврда не постара од 270 дена од примањето на едната доза.
– Приложување на позитивен или брз антигенски тест со кој се потврдува дека има прележано SARS-CoV-2, но тестот да е направен во последните 180 дена, но не постар од 11 дена од денот на пристигнување на граничниот премин или со приложување лекарска потврда за преболена болест.
– Деца помлади од 12 години кои патуваат во придружба на родители/старатели се изземени од обврската за прикажување на негативен резултат и самоизолација ако родителите/старателите поседуваат негативен ПЦР или брз антигенски тест, односно потврда за вакцинација или преболена болест на COVID-19.
