Италија – Франција – Шпанија лето 2024

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Италија, Франција, Шпанија

Датум

13 јуни – 22 септември 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Италија – Франција – Шпанија лето 2024

1 Ден – MAKЕДОНИЈА

Поаѓање околу пладне од Кавадарци и Скопје. Возење со висококвалитетни автобуси на релација Скопје – Белград – Љубљана – Венеција.

2 Ден – ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Пунта Сабиони, – факултативно возење со брод по венецијанската лагуна, разглед на град: Дуждевата палата, мостот на воздишките, Базиликата на Св. Марко, Прокурациите, мостот Риалто… Слободно време за индивидуални обиколки на градот. После разгледот поаѓање кон хотелот во регијата Венето или во околина на Верона. Ноќевање.

3 Ден – ВЕРОНА – ФРАНЦИЈА – ШПАНИЈА

Појадок. После појадокот , поаѓање кон Верона. По пристигнувањето разглед на градот : Piazza Bra, Arena, Piazza delle Erbe, Piazza della Signoria, Arche Scaligeri, Casa di Giulietta…Патувањето го продолжуваме преку Северна Италија и Франција кон Шпанија. Ноќно возење.

4 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – ШПАНИЈА

Во утринските часови пристигнување во најпознатото туристичко место – Љорет де Мар (65 км од Барселона). Сместување во хотел од 14:00 часот ( на база 6 полу пансиони – на база на шведска маса). Попладне предвидено за одмор и капење. Вечера . Ноќевање.

5 – 9. Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР – БАРСЕЛОНА

Полу пансион. Вашиот престој во Шпанија може да биде незаборавен со посета на факултативните излети од нашата богата и ЕКСКЛУЗИВНА понуда: FLAMENCO LA SIESTA, BARCELONA PANORAMICA, COSTA BRAVA, BARCELONA BY NIGHT, PORT AVENTURA, NOU CAMP, AQUARIUM …Освен предвидените излети , времето во Шпанија може да го искористите уживајќи на прекрасните плажи на целиот брег на Коста Брава. Проверете зошто плажите во Љорет де Мар имаат “сини знамиња” кои се доделуваат на плажите врз основа на квалитет на вода и безбедност на пливачите.

10 Ден – ЉОРЕТ ДЕ МАР

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање од Љорет де Мар. Возење кон Франција, Азурен брег со попатни паузи. Пристигнување на Азурен брег и сместување во хотел. Слободно време.Во вечерните часови посета на Кнежеството Монако. Разглед на овој бајковит град, ќе го почувствувате гламурот на Палатата Грималди, Катедралата, океанографскиот музеј, патеката на Формула 1, обиколка на познатото Казино и прошетка низ преубавите паркови на Монте Карло. Ноќевање во Кан/Ница.

11 Ден – НИЦА – МОНАКО – МОНТЕ КАРЛО

Појадок. Напуштање на собите и слободно време на Азурниот брег. на Ница (целодневен престој во Ница). Следува обиколка: Шеталиштето на англичаните „Promenade des Anglais, хотел Negresco, плоштадот Massena…По завршувањето на обиколката патувањето продолжува со ноќно возење Македонија.

12 Ден – МАКЕДОНИЈА

Пристигнување во вечерните часови.

Вклучува 

  • Комплетна организација на патувањето
  • Превоз со модетен туристички автобус (клима, тв, видео) на наведените релации
  • Разглед на градовите според програмата
  • 1 ноќевање со појадок во регијата Венето или во околина на Верона (хотел 3*, соби 1/2+1)
  • 6 ПОЛУ ПАНСИОНИ (оброци на база на шведска маса) во Љорет де Мар во хотел 3* или 4* (соби 1/2+1)
  • 1 ноќевање со појадок на Азурен брег (Фрејус,Кан/Ница или околина) во хотел 2** или 3*** (соби 1/2+1)
  • ГРАТИС ПОСЕТА НА КАН, НИЦА, МОНАКО, МОНТЕ КАРЛО И ПАРФИМЕРИЈА

Не вклучува

  • Патничко и здравствено осигурување
  • Факултативни излети
  • Доплата за 1/1 соба – 200€
  • Задолжителна градска такса за регијата Каталонија – во хотелите со 3* – 0.66 € по ноќ/по oсоба, 4* – 1,32€ – се плаќа на рецепција на хотелот.
  • Туристичка такса која се плаќа во Италија во хотелите (за хотели со 3 *** 1.5 e – 2.5 € во зависнот од местоположбата на хотелот, хотел 4**** од 4€ )
Хотел 3*

Хотел 4*

Термини 1/2 1/2
13.06-24.06 589€ 579€
26.06-07.07 629€ sold out
10.07-21.07 679€ sold out
24.07-04.08 729€ 729€
07.08-18.08 729€ 729€
21.08-01.09 689€ 669€
02.09-13.09 629€ 529€
11.09-22.09 549€ 499€

 

ЛИНКОВИ ОД ХОТЕЛИТЕ:

GRAN HOTEL DON JUAN 4*

TENT HOTEL 3*

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287