Кападокија (авио)- 8ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Кападокија, Турција

Датум

08.03.2024 – 11.03.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

МАГИЧНАТА КАПАДОКИЈА (3 ноќевања)
Термин: 08.03 – 11.03

ПРОМО ЦЕНА САМО ЗА ПРВИТЕ 5 УПЛАТИ
449€ по лице

Маршута

1.ДЕН (08.03 Петок) СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ

Состанок со групата на скопскиот аеродром во 06:00ч. Чекирање на летот за Истанбул со авио компанијата “Pegasus Airlines”. Полетувањето е закажано за во 08:10ч. Слетување во Истанбул во 11:40ч по локално турско време. Слободно време на аеродромот “Sabiha Gokcen” во времетраење од 6 часа. Чекирање на внатрешниот лет од Истанбул до Кајсери. Полетувањето е закажано за во 17:55ч. Слетување на аеродромот во Кајсери во 19:20ч по локално турско време. Трансфер до местото Ѓореме и сместување во хотел. Ноќевање.

2.ДЕН (09.03 Сабота) ЛЕТАЊЕ СО БАЛОНИ & ЗЕЛЕНА ТУРА (Древна Кападокија)

Во раните утрински часови нудиме доживување кое се памти! Можност за факултативно летање со балон над прекрасната Кападокија (поаѓање од хотел околу 05:00ч). Покрај магичните впечатоци кои ќе ви останат во трајно сеќавање, Кападокија се издвојува и по шарените балони кои што претставуваат и прва асоцијација на овој магичен град и патувањето со нив е најомилената активност на посетителите. Факултативниот излет го започнуваме во раните утрински часови пред изгрејсонце, а самиот лет трае околу 1 час. Балоните немаат однапред испланирана рута туку летаат буквално каде што ги носи ветрот. Се искачуваме на 300м надморска висина, а под нас се наоѓа цела област прекриена со фантастични релјефни формации, кои се формирани од бел вулкански пепел, а нив локалното население ги нарекува “Вилински оџаци”.
Преку стотина балони се истовремено во воздухот, додека ние уживаме фасцинантната глетка на изгрејсонцето. Чудесниот лет завршува со слетување во непосредна близина од местот од кое што сме полетале, каде што не чекаат комбиња кои не враќаат назад во градот. Враќање назад кон хотелот. Појадок.
По појадокот следува факултативен излет во претпладневните часови кој го започнуваме со посета на подземниот град Деринкују, кој е еден од најголемите подземни градови во светот. Во него некогаш живееле околу 50.000 жители на 8 различни нивоа и претставува најголем пронајден подземен град во Турција. Денес за туристички цели се отворени 4 нивоа, а шетајки низ тунелите ќе откриеме фасцинантни ванариим, кујни и соби за дневен престој кои датираат уште од 7 век п.н.е. Потоа одиме во долината Ихлара и проаѓаме низ долгиот кањон на реката Мелендиз, која претставува необична збирка на изрезбани карпи во кои се наоѓаат стотина куќички, испресечени со голем број рекички. Ќе направиме пазуа во селото Белисирма, каде што ќе имаме слободно време за ручек. Излетот го продолжуваме до манастирот Селме, најголем камен манастир во Кападокија со огромна пештерска катедрала и преубав поглед на околината. По враќањето во Учисар застануваме на преубавиот видиковец кој гледа кон голубовата долина, каде што ќе дознаеме зошто галебите отсекогаш имале посебно место во срцата на жителите на Кападокија. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање.

3.ДЕН (10.03 Недела) ЦРВЕНА ТУРА (Мистична Кападокија)

Појадок. По појадокот следува целодневен факултативен излет “мистична Кападокија” (северна т.е црвена тура). За време на оваа преубава тура ќе имате прилика да се запознаете со најубавите и најпознати предјадења на Кападокија. Излетот го започнуваме веднаш по појадокот, а нашата прва станица е величенствениот видиковец кој е сместен над градот Ѓореме, каде што од страна на локалниот водич ќе ги добиеме сите информации и занимливости за богатата историја на Кападокија и единствените камени формации, чиј географски облик е формиран пред околу 10.000 години.
По панорамскиот разглед се посетува замокот “Uchisar” и највисоката точка на Кападокија – музејот на отворено Ѓореме (кој е под заштита на УНЕСКО) во кој се сместени некои од најдобрите примероци од куќи и цркви во карпи.
Можност и за посета на традиционалната фабрика за грнчарство или некоја од продавниците за ќилими. Патот понатаму не води кон напуштеното село Чавушин и местото Аванос, по што правиме пауза за ручек каде што ќе ја дегустираме автентичната турска кујна.
На оваа тура ќе имате прилика да направите фасцинантни фотогравии во долината Пасабаг, како и во Монковата долина препознатлива по специфичните оџаци на куќите кои се во облик на печурка, како и во долината Деврент позната по своите карпи во облик на животни. Во попладневните часови следува враќање кон хотелот. Слободно време за одмор и уживање. Ноќевање.

4.ДЕН (11.03 Понеделник) КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ

Напуштање на хотелот во 02:30ч Трансфер во 03:00ч од хотелот во Ѓореме до аеродромот во Кајсери. Чекирање на летот за Истанбул со авио компанијата “Pegasus Airlines”. Полетувањето е закажано за во 05:45ч. Слетување во Истанбул во 07:15ч по локално турско време. Чекирање на летот за Скопје. Полетувањето е закажано за во 09:25ч по локално турско време. Слетување во Скопје во 08:55ч по локално македонско време. Крај на програмот.

Вклучува:

  • Авионски билети на релација Скопје – Истанбул – Кајсери – Истанбул – Скопје со авио компанијата “Pegasus Airlines”
  • Вклучен рачен багаж до 8кг по лице
  • Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во традиционален “Cave” хотел со 3 или 4*
  • Организација на патувањето

Не вклучува:

  • Факултативни излети:
  • * Летање со балон – 170€ по лице
  • * Древна Кападокија – 60€ по лице
  • * Мистична Кападокија – 50€ по лице
  • Туристичка такса – 2€ по лице по ноќ
  • Индивидуални трошоци
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Колавери Ресорт – Голем Драч

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287