Кавала и Тасос 24 мај

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Грција

Датум

24.05.2024 – 26.05.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

24ти МАЈ ВО КАВАЛА
(Целодневен излет на Зелениот Остров Тасос)

Прв ден: 24.05.2024 (петок)

02:00 часот заминување на групата од Скопје и во 03:30 часот од Кавадарци кон Грција со попатни застанувања и одмори. Околу пладне пристигнување во Кавала, еден од најубавите грчки градови кој покрај трите имиња – Неаполис, Христополис и Кавала многумина го нарекуваат Монте Карло. Градот наликува на амфитеатар свртен кон морето, сонцето и кон месечината и оддалеку потсетува на снегулка која скалесто се спушта кон големото пристаниште. Сместување во хотел „Oceanis“ 4**** (https://www.oceaniskavala.gr/), лоциран во строгиот центар на градот. Слободно време за индивидуални активности и за плажа (во близина на хотелот е градската плажа во Кавала, а на последниот спрат од хотелот има отворен базен). Во попладневните часови организирано разгледување на стариот дел на Кавала, градот зачетник на христијанството во Грција од каде Апостол Павле започнал да го проповеда Светото писмо, градот кој бил главен центар за време на владеењето на Александар Македонски. Од 15. до 20. век Кавала е под Турска власт и од тоа време останал најважниот градски споменик – стариот аквадукт, денес познат како „Камарес“ кој изгледа како мост кој е поврзан со старите куќи од едната и од другата страна на градот. Во таквата турска Кавала во 1769 година е роден Мухамед Али Паша, или Мехмед Паша, кој во 1801 година е испратен во Египет каде станал основач на модерната Египетска држава. Во Кавала до денес е зачувана неговата родна куќа како музеј. Ноќевање.

Втор ден: 25.05.2024 (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон пристаништето Керамоти на целодневен излет на островот Тасос. Следи четириесетминутно патување со фериброд, а по пристигнувањето во Лименас, главниот град на Тасос, патувањето продолжува кон традиционалното планинско етно село Панагиа (Богородица) со специфична архитектура на куќите. Посета на трите извори со студена чиста вода која тече надолу од планините до селото по канали кои го пленат секој кој ќе ги види. Потоа продолжуваме кон женскиот манастир „Свети Архангел Михаил“ каде се чува најсветата реликвија – клинец со кој Исус Христос бил распнат на крстот. По разгледувањето на манастирот заминуваме кон една од најпосакуваните туристички места на Тасос -Потос. Слободно време за индивидуални активности и за плажа. Во попладневните часови заминување на групата кон Лименас, а потоа со фериброд во Керамоти. Враќање во хотелот во Кавала. Ноќевање.

Трет ден: 26.05.2024 (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување кон Неа Ираклица, едно од најпознатите туристички места во близина на Кавала. Слободно време за плажа и ручек (факултативно). Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во вечерните  часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………149 евра (9.240 денари)

 (плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотел „Oceanis“ 4 ***
  • Организиран разглед на градот
  • Целодневен излет на островот Тасос со вклучен автобуски превоз и билет за фериброд
  • Посета на туристичкото место Ираклица
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса (се плаќа во агенцијата)…1,5 евро по лице од вечер
  • Доплата за еднокреветна соба…..30 евра (за две ноќевања)
  • Деца до 2 години бесплатно доколку немаат седиште во автобус и користат заеднички кревет со две возрасни лица, деца од 2-6 години плаќаат 50% од цената-имаат седиште во автобус и дополнителен кревет

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287