КРАКОВ: Дочек на Новата 2020 година

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Краков – Полска

Период

ПЕРИОД: 29.12.2019 – 03.01.2020

Контакт

02/3239 300 и 072/230 100 Скопје
043/420 020 и 072/230 200 Кавадарци

047/202 050 и 072/302 050 Битола

КРАКОВ – ПОЛСКА

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

Краков претставува стара полска престолнина, којa слободно можеме да го наречеме и „град музеј“. Стариот град на Краков се наоѓа во листата на светските културни наследства на УНЕСКО. Овој град секоја година го посетуваат помеѓу три и четири милиони туристи, а посебен дух му даваат и преку 100.000 студенти на Јагиелонскиот универзитет. Дочекајте ја Новата Година и доживејте несекојдневно искуство на Краковскиот плоштад или во многубројните тамошни диско клубови.

1ДЕН (29.12.2019 НеделаСКОПЈЕ – КРАКОВ

Состанок на групата на на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски во Скопје Поаѓање кон Краков и патување со попатни застанувања низ Србија, Унгарија и Словачка.Ноќно возење…

2ДЕН (30.12.2019 Понеделник) КРАКОВ
Пристигнување во Краков во пладневните часови. Следува разглед на градот со брдото Вавел каде се наоѓааат кралскиот дворец и катедралата,родната куќа на Папата Св. Јован Павле Втори, Стариот градски плоштад со камбанаријата – еден од најголемите во Европа, Црквата Св. Марија, Јагиелонскиот универзитет, Барбакан – тврдината, Флоријанска капија, Флоријанска улица, Пленти паркот… Сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3ДЕН (31.12.2019 Вторник) КРАКОВ – РУДНИК НА СОЛ – Wieliczka

Појадок. Можност за факултативна посета на 700 год. стариот рудник за сол Величка (Wieliczka), кој исто така се наоѓа на листата на светските наследства на УНЕСКО. Се симнува со лифт на длабочина од 100m и се посетува преубавото подземно езеро, кралевската капела направена од сол, концертната сала, разновидни скулптури изработени од сол место кое претставува рај за болните од астма. По завршување на излетот на рудникот враќање во Краков. Слободно време за индивидуални активности.Вечерта следува Дочек Новата 2020 година во една од локалните краковски дискотеки или на плоштад. Забава до раните утрински часови. Ноќевање.

4ДЕН (01.01.2020 Среда) КРАКОВ

Појадок. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ градот. Ноќевање.

5ДЕН (02.01.2020 Четврток) КРАКОВ – АУШВИЦ

Појадок. Напуштање на хотелот. По завршување на појадокот можност за организација на факултативен излет до Аушвиц – концентрационен логор од Втората Светска Војна, кој од 1979 год. се наоѓа на листата на светски наследства на УНЕСКО. Следи посета и на концентрационот логор Биркенау, во кој е сниман познатиот филм ,,Шиндлеровата листа”.Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови поаѓање кон Скопје. Ноќно возење низ Словачка, Унгарија и Србија.

6ДЕН (03.01.2020 ПетокСкопје
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ХОТЕЛ Категорија на хотел Услуга 1/4 1/3  1/2
NOVOTEL 4* BB 159€ 169€
ZACZEK 2* OB 139€
HOSTEL OLIMP OB 129€ 149€ 129€

*BB – ноќевање со појадок        *ОВ – само ноќевање

*Цените во табелата се однесуваат по лице

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација на патувањето со пратител за време на целото патување
  • Сместување во Краков во избран хотел од табелата на база 3 ноќевања (појадок само во хотел Новотел)
  • Превоз со високо – туристички автобус опремен со Клима, TV, VIDEO на наведената релација

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко здравствено осигурување
  • Факултативни излети и влезници за музеи и дискотеки

ФАКУЛТАТИВНИ ИЗЛЕТИ:

Аушвиц – зачекорете во минатото низ патеките на студениот Аушвиц, најголемиот нацистички концентрационен логор за масовно уништување на еврејското население. Дознајте ја вистинската приказна, за се она што се случувало зад бодликавите жици, во мрачните дрвени колиби, и со вашата посета, оддајте им чест на жртвите на Втората светска војна.

Краков PARTY PASS – Дојдете и уверете се зошто Краков е најпопуларната PARTY дестинација за млади луѓе веќе 10 години! Подгответе се за незаборавна WELCOME забава, одлична новогодишна забава и дневна забава за најсилните, затоа што ве носиме само во најдобрите клубови во Краков!

Рудник на сол  Wieliczka  Откријте го подземниот свет на солени тесни коридори, лавиринти, пештери, езера и капела со скулптури направени од кристали од сол. Со историја од над 700 години, со коридори долги 200 km и длабочина од 327 метри, овој рудник е една од најголемите атракции во Европа.

Hotel Zaczek – http://www.hotelestudenckie.pl/index.php?hotel-zaczek-galeria

Форма за резервација

Останати понуди

БОРОВЕЦ: Хотел „Flora Complex“ 4*

Сараево 8-ми Март

Вила Вангелис

Вила Арго

AYMA BEACH HOTEL & SPA ****

Menu