Крф – Велигден 2023

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Крф, Грција

Датум

13 април – 17 април 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Крф – Велигден 2023

  1. Ден 13.04.2023 (Четврток) СКОПЈЕ –НЕГОТИНО- КРФ

Состанок на групата на пред Дрводекор околу 22 – 23 часот. За точно време на поаѓање кон островот Крф патниците ќе добијат информации ден пред поаѓањето, во зависност од возниот ред на траект компаниите. Патувањето се одвива преку граничниот премин Богородица со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности.

 

  1. Ден 14.04.2023 (ПЕТОК) ИГУМЕНИЦА – КРФ – ИПСОС 

Пристигнување на траект во утринските часови. Траект ќе биде на релација Игуменица – Лефкими или Игуменица – Крф за што патниците ќе бидат известени 2 дена пред поаѓање. Пристигнување на Крф и сместување во апартманите. Краток одмор. Програмата започнува со посета на стариот град Крф. 16:00часот – Велики Петок е ден на Христово страдање. На Крф, присуството на хоровите и илјадниците странски и домашни посетители дава посебна димензија на овој тажен настан. Додека еден филхармониски оркестар, облечен во црвени униформи, ја свири “Adagio” од Албиниони, друг оркестар го свири “Посмртниот марш” од Шопен. Многумина присутни оркестри, свират тажни и посмртни маршеви од познати композитори на класична музика. Мали девојчиња ги украсуваат епитафите со цвеќиња, а во церемонијата учествуваат и училиштата и момчињата од извидничките одреди. Последниот Епитаф, кој е и најимпресивниот се појавува во 22.00часот.

По завршувањето на овие настани, групата се враќа во Ипсос, каде препорачуваме да посетите некоја од локалните таверни. Ноќевање.

 

  1. Ден 15.04.2023 (Сабота) ИПСОС – КРФ -ИПСОС

Овој ден е резервиран за вториот дел од Велигденската прослава, односно првата поворка наречена, првото Воскресение кое започнува во 09.00часот. Под строга заштита, се изнесуваат моштите на Св.Спиридон Чудотворец – заштитник на островот. Има повеќе легенди поврзани со овој светец кои ја објаснуваат вербата и почитта на народот кон него. Една од нив го споменува неговото влијание при повлекувањето на турската инвазија од островот. Тој се појавувал напомош на генералите кои се бореле да го ослободат островот. Облечен во темна наметка со запален факел влевал страв во умот на освојувачите наметнувајќи им опасност од натприродни сили. Во друга легенда пак, повторно се спомнува неговото херојство при бркање на опасната чума од градот, која бегајќи ги оставила своите траги на градските ѕидини. Под звуците на свечената музика составена од три филхармонии, пред моштите на светецот луѓето фрлаат каранфили со кои го постилаат неговиот пат. Откако ќе заврши парадата, почнуваат подготовките за еден оригинален локален обичај – кршење на глинените ќупови.

Точно во 11:00 часот, црковните ѕвона го означуваат „утринското воскресение“ и од прозорците на куќите почнуваат да се фрлаат глинени садови полни со вода, во знак на почнување на празникот и истерување на злото. Ова потекнува од стар венецијански обичај со кој за дочекот на новата година се ослободувале старите работи да направат простор за нови и подобри. Друго објаснување за овој обичај е дека има паганско потекло и дека со вревата направена од кршењето, Античките Грци сакале да ја разбудат Персефона, божицата на пролетта и да го забрзаат нејзиното доаѓање. Обичајот е да се земе парче од скршените глинени садови и да се сочува за среќа и здравје до следната година. Филхармонските групи се враќаат на улиците и почнуваат да свират весела музика.

15:00 часот – Враќање во Ипсос. Слободно време за одмор и индивидуални активности.

21:30 часот – Поаѓање кон градот за проследување на последниот дел од традиционалната прослава, односно Христовото воскресение.

На полноќ, илјадници луѓе се собираат на градските плоштади и го прославуваат Христовото Воскресение со спектакуларен огномет. Враќање во Ипсос. Ноќевање

 

  1. Ден 16.04.2023 (Недела) ИПСОС-ПАЛЕОКАСТРИЦА-ИПСОС

Овој ден е предвиден за запознавање на местото ПАЛЕОКАСТРИЦА- место богато со историја и природна убавина. По пат кон ова легендарно место ќе направиме една пауза за посета на музеј-фабриката Мавроматис. Фабриката го носи името на семејството кое најдолго се занимава со одгледување и произведување на најразлични производи од овошјето кумкват. Дрвото кумкват потекнува од Јужна Азија и е толку егзотично што во Европа, успева само на Крф и во Шпанија. При нашата посета овде ќе имате прилика да погледнете краток документарен филм од кој ќе научите малку повеќе за историјата и потеклото на овошјето, неговото преработување и сите производи што произлегуваат од неговата преработка. Најубавиот дел од искуството е секако бесплатната дегустација на ликерите и слатките со разни вкусови по што може да се одлучите за омилениот и да си го купите како карактеристичен сувенир од Крф, кој ќе ве потсетува на доживеаното патување.

При нашиот целодневен излет ќе го посетиме 13 века стариот манастир кој гледа на Палеокастрица од високо и воодушевува со медитерански шарм. Пред влезот на манастирот во панорамата пред нас се гледа и карпата за која се верува дека е бродот на Одисеј. Легендата вели дека во своето патување кон Итака застанал и на Палеокастрица каде топло бил пречекан од Кралот на Феичаните и неговата ќерка. Во манастирот Дева Марија, покрај прекрасната архитектура и глетки може да го посетите и византискиот музеј, со експонати од манастирот пред неговата обнова.

Враќање во апартманите.

Moжност за традиционална прослава со ручек во грчка таверна. Слободно време за одмор. Забава во еден од најатрактивните ноќни барови во Ипсос. Олеа со својот уникатен декор и маркантното маслиново дрво во центарот на подиумот веднаш ќе ви го привлече вниманието и ќе ве освои со атмосферата. Ноќевање.

 

  1. Ден 17.04.2023 (Понеделник) ИПСОС-ИГУМЕНИЦА-СКОПЈЕ

Последниот ден на островот го резервираме за посета на палатата Ахилеон. Напуштање на собите во Ипсос до 10:00ч, по што се упатуваме кон селото Гастури каде се наоѓа оваа палата, изградена од Австро-унгарската императорка, Елизабета позната како принцезата Сиси. Оваа палата била користена како нејзина летна резиденција се до нејзината трагична смрт, по што останала напуштена до 1907год, кога ја купува Кајзер Вилхем 2 од Германија. Во денешно време е музеј со прекрасна градина, скулптури, фрески и други уметнички дела кои ќе ни ја откријат митологијата и историјата на островот со доволно приказни што ќе ни останат во сеќавање долго и по пристигнувањето дома. Во меморијата сигурно ќе ви се вреже и приказната за животот на императорката која откако ги губи своите деца станува опседната со одржување на својата младост, фигура и убавина и за таа цел преземала драстични мерки. Патувајќи сама и барајќи го својот мир, наоѓа восхитување во грчката митологија, култура и јазик па затоа и во архитектурниот стил на палатата како главна тема се провлекува јунакот Ахил, а и самата палата го добива неговото име. Патниците кои нема да се пријават за посета на палатата, имат слободно време за прошетка низ градот Керкира. Во попладневните часови  го започнуваме патот со траект кон Игуменица од каде продолжуваме со возење кон Скопје. Очекувано пристигнување во Скопје во раните утрински часови по полноќ.

 

Цена за резервации до 15.03.2023 – 119€/7.378мкд

Редовна цена на аранжманот 139€/8.618мкд

Цена по лице во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1еур=62мкд


Во цената на аранжманот е вклучено: 

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Апартманско сместување во Ипсос ( 20 км од Крф) на база 3 ноќевања
– Повратен билет за траект
– Следење на целата програма за Велигден (превоз и водство до прославите во градот Крф)
– Организација и реализација со туристички придружник;
– Туристичка такса

 

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

-Посета на Палеокастрица и фабриката Мавроматис
-Посета на Ахилеон палатата (транспорт и влезница)
-Велигденски ручек (цена дополнително)
-Патничко осигурување
-Индивидуални трошоци

 

Попусти и опционални доплати:

– Дете 3-11,99 години во придружба на 2 возрасни лица има 50% попуст
– Дете 3-11,99 години  во придружба на 1 возрасен има 30% попуст од цената на возрасен
– Доплата за одредено седиште во автобус 15€/930 мкд.

 

Напомени: 

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници, агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

КОМПЛЕКС ФЛОРА – БОРОВЕЦ 4*

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287