ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Турција

Датум

21 април 2022 – 25 април 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

КУШАДАСИ-ПАМУК КАЛЕ-ЕФЕС-ИЗМИР

Прв ден: 21.04.2022 (четврток)-Кавадарци-Скопје-Чанак Кале

Поаѓање на групата од Кавадарци во 14.00 часот и од Скопје во 16.00 часот кон Турција преку Република Бугарија.Ноќно возење со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

 

Втор ден: 22.04.2022 (петок)- Чанак Кале-Кушадаси

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со задолжителна фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси, градот распослан на брегот на Егејското Море, познат уште под името Островот на птиците. Сместување во хотел „Dabaklar“ 4****во непосредна близина на центарот (http://www.dabaklarhotel.com/) . Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални прошетки покрај преубавото пристаниште и низ живописниот централен плоштад кој претставува спој на традиционалното и модерното. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

 

Трет ден: 23.04.2022 (сабота)-Кушадаси-Памук Кале

Појадок. Организирано заминување на групата кон Памук Кале со попатнапосета на хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“. Единствена можност за мачкање со лековита кал и користење на базените со термална вода. Ручек на богата шведска маса во ресторанот на хотелот. По ова несекојдневно доживување, посета на единствениот природен феномен во светот Памук Кале и античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за користење на изворите за капење (факултативно). Во попладневните часови враќање во Кушадаси. Вечера. Ноќевање.

 

Четврти ден: 24.04.2022 (недела)-Кушадаси-Ефес

Појадок. Организирано заминување на групата кон Ефес. Пристигнување и присуство на свештената служба во најсветото место во Ефес – куќата на Дева Маријакаде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето и престојот на најубавото и најсветото место за Велигден, продолжуваме кон античкиот град Ефес-трет по големина во Римската Империја, едно од седумте светски чуда на стариот свет. Разгледување со локален туристички водич. Попатна посета на остатоците од Храмот на Артемида-едно од седумте светски чуда, а потоа заминување назад кон Кушадаси. Вечера во хотелот. Ноќевање.

 

Петти: 25.04.2022 (понеделник)-Кушадаси-Измир-Чанак Кале-Скопје-Кавадарци

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки низ плоштадот Конак. Околу пладне заминување кон Македонија преку протокот Дарданели и Република Бугарија со попатни застанувања и одмори.Пристигнување во Македонија во раните утрински часови во вторник на 26. април.

 

Промотивна цена за уплата до 15.03.2022.199 евра (12.340 денари)

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………209 евра (12.960 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Напомена: Промотивната цена важи за резервација со 30 % аконтација до 15. март и целосна доплата до 01. април

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Билети за траект на Чанак Кале
– Три полупансиони (ноќевање, појадок и вечера-шведска маса) во хотел „Dabaklar“ 4**** во Кушадаси
– Целодневен излет до Памук Кале: автобуски превоз, влезница во Памук Кале, користење на калните бањи и базените со термална вода во хотел „Пам“ и ручек на шведска маса
– Излет до Ефес: автобуски превоз, влезница во Куќата на Богородица, влезница во античкиот град Ефес
– Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
– Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето

 

 Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Доплата за еднокреветна соба – 40 евра
– Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

ПРВИ МАЈ ВО ИСТРА 2023

1 мај
Menu