КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА – Велигден 2023

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Турција

Датум

13 април – 17 април 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ВЕЛИГДЕН ВО КУЌАТА НА БОГОРОДИЦА
КУШАДАСИ-ПАМУК КАЛЕ-ЕФЕС-ИЗМИР

Прв ден: 13.04.2023 (четврток)

14.00 часот. Заминување на групата од Македонија кон Турција од Скопје и во 16.00 часот од Кавадарци . Ноќно возење преку Република Грција со попатни застанувања и одмори. Во утринските часови пристигнување во Галиполе и преминување на  Дарданелите со фериброд. Пристигнување во Азискиот дел на Турција, во Чанак Кале.

Втор ден: 14.04.2023 (петок)

Краток одмор од патувањето и панорамско разгледување на Чанак Кале со фото пауза пред макетата на коњот користен во текот на снимањето на филмот Троја. Продолжување на патувањето покрај планината Ида и Бергамо кон Кушадаси. Во попладневните часови пристигнување во Кушадаси. Сместување во хотел  „Karaaslan“ 4****  во центарот на градот. Вечера. Ноќевање.

Трет ден: 15.04.2023 (сабота)

Појадок. Заминување на групата кон Ефес. Пристигнување во најсветото место во Ефес – куќата на Дева Марија каде што Богородица живеела последните седум години од својот земски живот. По разгледувањето и престојот на најубавото место за Велигден, продолжуваме кон  античкиот град  Ефес – трет по големина во Римската Империја. Разгледување на градот со локален туристички водич. Попатна посета на остатоците од Храмот на Артемида-едно од седумте светски чуда, а потоа заминување кон Кушадаси. Вечера во ресторанот на хотелот. Ноќевање.

Четврти ден: 16.04.2023 (недела)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминување кон Памук Кале.  Пристигнуваме во хотелскиот комплекс со термални извори „Пам“ каде ќе уживаме во внатрешните и надворешни базени.Тука ќе ја  имаме единствената можност да ги почувствуваме благодетите од лековита кал. Ручек на богата шведска маса. По ова несекојдневно доживување, организирана посета на единствениот природен феномен во светот-Памук Кале, античкиот Хиераполис и изворот на Клеопатра. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови сместување на групата во „Herakles“ 3 *** во селото Karahayit, првиот термален хотел во Памук Кале лиценциран од Министерството за здравство на Турција.  Хотелот располага со надворешен базен и со спа центар во кој внатрешниот базен има лековита термална вода, а во бањата во секоја хотелска соба има минерална вода. Слободно време за одмор и релаксација. Вечера. Можност да прошетате низ центарот на селото и да го почувствувате автентичниот турски амбиент. Ноќевање.

Петти: 17.04.2023 (понеделник)

Појадок. По појадокот одјавување од хотелот и заминување на групата кон Измир-древната Смирна, родното место на слепиот поет Хомер. Слободно време за шопинг и индивидуални прошетки на плоштадот Конак. Во договореното време заминување кон Македонија преку протокот Дарданели со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Македонија во раните утрински  часови во вторник на 18. април.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………319 евра (19.780 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Билети за траект на Чанак Кале
  • Два полупансиони (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотел „Karaaslan“ 4**** во Кушадаси
  • Еден полупансион (ноќевање, појадок и вечера- шведска маса) во хотелот „Herakles“ 3 *** во Karahayit (Памук Кале)
  • Излет до Ефес: автобуски билет, влезница во Куќата на Богородица, влезница во античкиот град  Ефес
  • Kористење на калните бањи и базените со термална вода во хотел „Пам“  и ручек на шведска маса
  • Влезница во Памук Кале
  • Посета на Измир
  • Локален туристички водич за сите излети вклучени во програмата
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба – 70 евра
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287