Кушадаси 23ти октомври
6 дена / 3 ноќи полупанисон / автобуски превоз
1 ДЕН (21.10.20– Среда) : БИТОЛА / СКОПЈЕ – ЧАНАККАЛЕ
Поаѓање од Битола пред Спортска сала Младост во 10:00 часот, (попатно Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес) поаѓање од Скопје пред ВИП хотел во 12:30 часот. Попатни одмори, царински формалности. Ноќно возење (се патува преку Р.Бугарија).
2 ДЕН (22.10.20 – Четврток): ЧАНАККАЛЕ-КУШАДАСИ
Пристигнување во Чанаккале во предпладневните часови. Посета на центарот на градот каде се наоѓа статуата “Тројански Коњ” од истоимениот филм поклон на градот од актерот Бед Пит. Можност за кафе пауза – факултативно. Заминување за Кушадаси. По пристигнувањето сместување во хотел. Одмор. Посета на старата чаршија, центарот на Кушадаси. Вечера. Ноќевање.
3 ДЕН (23.10.20 – Петок): КУШАДАСИ-ПАМУККАЛЕ-КУШАДАСИ
Појадок. Заминување за Памуккале (188 км), планина-единствена од ваков вид во светот.
По пристигнувањето во Памуккале посета на античкиот град Хиераполис, кој е заштитен од УНЕСКО како светско културно наследство. Основан во вториот век п.н.е. како термално лекувалиште, и е именуван по божицата Хера. Се развива во центар за лекување со термални води. Посета и уживање на памук тврдината – феномен на природата со травертин седиментација, варовник и калциум, како и термална вода на температура од 37 ° C. Ручек. По посетата враќање во Кушадаси доцна попладне. Попатно посета на фабрика за текстил и фабрика за изработка на предмети од Жад. Вечера. Слободна вечер – факултативно посета на дискотека. Ноќевање.
4 ДЕН (24.10.20 –Сабота): KУШАДАСИ-ЕФЕС-КУЌАТА НА ДЕВА МАРИЈА-КУШАДАСИ
Појадок. Во договорено време поаѓаме кон посета на куќата на Дева Марија (каде го поминала остатокот од животот по распнувањето на Исус Христос) по посетата заминување за Селџук и посета на грандиозниот локалитет Ефес. По посетата враќање во Кушадаси. Слободно време и можност за посета (индивидуално) на една од многубројните плажи: Ladies Beach, Golden Beach…. Вечера. Слободна вечер – можност за факултативна посета на национален клуб со стомачни танци.
Ноќевање.
5 ДЕН (25.10.20 – Недела): КУШАДАСИ-ИЗМИР-МАКЕДОНИЈА
Појадок. Слободно време до поаѓањето за Измир. Панорамски разглед на градот со автобус.
Слободно време за прошетка низ центарот (плоштад Конак) каде се наоѓа симболот на градот Саат Кулата, изградена 1901 по повод 25 години од владеењето на Султанот Абдулхамид II, исто така и најпознатион пазар Kemeralti Bazar, слободно време за индивидуални посети, прошетки во Измир до поаѓањето за Македонија. Продолжување за Македонија, попатни одмори, ноќно возење, царински формалности.
6 ДЕН (26.10.20 – вторник): МАКЕДОНИЈА
Пристигнување во Македонија во утринските часови. Крај на програмата.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199 евра по лице / 12 340 денари
ЦЕНА ЗА УПЛАТА ДО 01.10.2020: 189 евра по лице / 11 720 денари
Цената е за сместување во двокреветна соба
Доплата за сместување во еднокреветна соба + 45 €
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
-Превоз со туристички автобус на наведената релација,
-3 полупансиони (појадок и вечера) во хотел во Кушадаси,
-Посета на Чанаккале,
-Панорамски разглед на Измир од автобус,
-Локален професионален водич за Памуккале,
-Локален професионален водич за Ефес, Куќата на Дева Марија,
-Придружник на групата,
-Организација на аранжманот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
-Патничко осигурување (инфо во агенцијата),
-Лични трошоци,
-Ефес и Куќата на Дева Марија-со влезница (минимум 25 патници) – 40€,
-Памуккале-со платена влезница + ручек (минимум 25 патници )–40€,
(без влез во базените на Клеопатра)
-Дискотека (влезница),
-Национален ресторан – стомачен танц.
За реализација на аранжманот потребни се минимум 30 патници, доколку тој број не се исполни, агенцијата го задржува правото на измена на цената или истиот да го сторнира и да ги извести патниците 5 дена пред датата на поаѓање. 2 дена пред започнување на аранжманот агенцијата ќе ги потврди информациите за време и место на тргнување или патниците да се обратат во Агенција за време и место на поаѓање. Резервација на аранжманот се прави со валидна патна исправа (пасош не постар од 6 месеци по враќање од патувањето) и уплата 50% од сумата на аранжманот, остатокот треба да се уплати најдоцна 10-15 дена пред поаѓање, зависно од видот на програмата.
За отказ на резервација важат опшите услови , односно:
-за отказ до 30 дена пред патувањето се задржува 30% од сумата.
-за отказ 29 до 15 дена пред патувањето се задржува 50% од сумата.
-за отказ 14 до 5 дена пред патувањето се задржува 80% од сумата.
-за отказ 5-0 дена пред патувањето се задржува 100% од сумата.
Доплата за одбирање на ред на седење во автобус +10 €, а дополнително седиште во автобус +45€ ова важи само кога е организирана група со автобус. Во спротивно седиштата (местата) во автобусот се определуваат автоматски со бројот на резервација со пријавувањето на патниците со авансната уплата.
Се замолуваат патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
Патниците се симнуваат до најблиската локација до сместувањето каде може да се паркира возилото.
Агенцијата задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата (застој во сообраќај, локални штрајкови, локали предупредувања, каснење на патници, непочитување на саатнина закажана однапред од страна на агенцијата. Аражманот се плаќа исклучиво во денари по курс 1€ = 62,00мкд.
