ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2024 БУДВА

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Будва

Датум

19 јули – 16 август 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ЛЕТО ЗА МЛАДИ 2024
БУДВА

Будва претставува најатрактивното место на јадранскиот брег кој преку година има околу 14000 жители. Сето ова драстично се менува за време на летото кога огромен број туристи доаѓаат овде за да уживаат во својот годишен одмор.

Овој популарен туристички центар изобилува со долги песочни плажи со вкупна должина од 25км. Меѓу нив најпознати и најпривлечни за туристите се: Словенска плажа, Милочер, Каменово, Могрен 1 и 2, а поодалечени се и Плоче и Јаз каде свои концерти имаат одржано популарните светски мега ѕвезди Мадона и Ролинг Стоунс.

Дневните и ноќни забави се на највисоко ниво што го прават овој центар привлечен за младите луѓе ширум Балканот, но и цела Европа. Најпознати клубови се: K3, Trocadero, Top Hill, Sparta….

Маршута

1 ДЕН (СКОПЈЕ – БУДВА)

Поаѓање од Скопје во доцните вечерни часови. Патувањето се одвива преку Косово, Албанија и Црна Гора. Следува возење со попатни паиузи и одмори. Пристигнување во Будва по што следува сместување и време за запознавање со градот и неговите убавини. Ноќевање.

2-8 ДЕН (БУДВА)

Вистинска можност за неодоливо уживање во се она што може да понуди овој бисер на Јадранското Море. Пријатна медитеранска клима, надополнета со кристално чистото море кое е пребогато со сол. Совршена комбинација на дневен одмор и уживање со одлични забави во многубројните ноќни клубови кои траат до доцна во ноќта. Можности за посета на повеќе комерцијални плажи, крстарење околу целиот залив Бока Которска како и некои од најпознатите ноќни клубови. Сето ова во наша организација ќе доведе до едено специјално чувство и посебен провод, совршен спој за долго паметење. Традиционална кујна е на располагање на секој чекор во овој град.

8 ДЕН (БУДВА – СКОПЈЕ)

По напуштањето на собите и времето за шопинг следува заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје доцна во вечерните часови.

Вклучува / Не вклучува

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања вила Ива во Будва
  • wi – fi интернет и клима кои се вклучени во цената
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)
  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Задолжителна туристичка такса кон општината – 1 евро по ноќ
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287