Лето за млади 2024 – Калитеа

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Касандра, Грција

Датум

14 јули – 11 август 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

Лето за млади 2024 – Калитеа

На само 90 км од Солун, на источниот брег на првиот крак на Халкидики – Касандра, се наоѓа најпопуларното летувалиште во овој дел од Грција – КАЛИТЕА. Ова место, што во директен превод значи „убав поглед“, го добило своето име во 1946 година по единствениот поглед кој го нуди кон заливот Торонеос.

Постојано населено е во 1922 година од избеглици од Мала Азија, а денес е населено со само 450 постојани жители. Со текот на времето, оваа на почеток привремена населба, прераснува во популарна туристичка дестинација која плени со прекрасните плажи, одличната понуда на таверни и барови, археолошки наоѓалишта (светилишта на боговите Зевс и Дионис), а во последно време најпрепознатлива по одличниот ноќен живот (најпопуларната дискотека на Халкидики – „Pearl“.

Инфо за сместувањето:

Вила Димитра е сместена на одлична локација, се наоѓа на 500 метри од плажа и на 2 минути пешачење до центарот на Калитеа. Во близина на сместувањето има продавници за храна, фурна, ресторани, барови. Можност за паркирање има на самата улица пред вилата или на 40 метри оддалеченост од вилата каде што има бесплатен паркинг. Користењето на клима уред се доплаќа во самата вила и чини 5еур на ден.

Вила Димитра располага со трикреветни и четирикреветни студија.

Трикреветните студија располагаат со три редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима и wi-fi, истите се наоѓаат на приземје и едно студио на втор спрат.
Четирикреветните студија располагаат со четири редовни легла, мини кујна опремена со прибор за готвење и јадење, сопствен тоалет и балкон, ТВ, клима и wi-fi.

Маршута

1 ДЕН – СКОПЈЕ – КАЛИТЕА

Поаѓање во раните утрински часови (во однапред договорено време) на паркингот на С.Ц. Борис Трајковски. Возење кон Грција преку граничниот премин „Богородица“ со попатни паузи според потребите на групата. Пристигнување во Калитеа и сместување во избраното сместување до 14:00. Слободно време за одмор од патот и запознавање со местото.

2-7 ден – КАЛИТЕА

Седум дневно уживање во убавините на овој туристички бисер на Егејското море. Слободно време за „полнење на батериите“ на некоја од прекрасните песочни плажи, уживање во неповторливиот поглед кон заливот Торонеос, можност за дегустација на грчката кујна во традиционалните таверни… а ноќите се резервирани за луда забава !!! Не ја пропуштајте можноста за посета на некој од факултативните излети кои се нудат во програмата, а за кои подетално може да се информирате во нашата агенција !

8 ДЕН – КАЛИТЕА – СКОПЈЕ

Напуштање на сместувањето утрото во договорено време. Пат кон Македонија…

Вклучува 

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања во апартмани
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

Не вклучува

  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287