Лето за млади 2024 – Moka studios

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Закинтос, Грција

Датум

08 јули – 27 август 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Лето за млади 2024 – Закинтос
Moka studios

Забавата започнува оној момент кога ќе пристигнеш на островот, а завршува кога ќе си заминеш од него.

Закинтос или Занте, како што се уште го викаат мештаните, е трет по големина од Јонските острови. Овој остров го карактеризираат прекрасните плажи со златни песоци и посебните видови на желки – „Карета“ кои на овој остров ги несат јајцата и се една од причините што овој остров е прогласен за национален крајбрежен парк. Од друга страна, архитектурата на самиот Закинтос е доста уникатна и на секој чекор се чувствува влијание на многубројните освојувачи кои владееле со овој простор. Место кое и оваа година ќе биде наша централна дестинација е Лаганас, град сместен на 9 км долгата плажа, во најтоплиот залив во цела Грција. Голем број врвни дискотеки и клубови, одлични ресторани со специјалитети од сите делови на светот, но и незаборавните излети со гарантирано незаборавни доживувања. Вистински избор за младите и оние кои така се чувствуваат. Забавата може да започне!!!

Инфо за сместувањето:

Мока студиос, се наоѓаат во Лаганас, на само 90 метри (2 мин) од плажа и 10 мин од главната улица каде што се наоѓаат сите дискотеки. Вилата располага со двокреветни и трокреветни соби. Секоја соба е опремена со фрижидерче, клима, туш, тоалет, а во склоп на вилата се наоѓа и базен, кој е на располагање за користење на нашите гости.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu