Лето за млади 2024 – Лутраки

Локација

Лутраки, Грција

Датум

17 јули – 15 август 2024

Контакт

Резервирајте на booking@ekstrabus.com или на телефонот 043 420 020

Лето за млади 2024 – Лутраки
Hotel Akti 2*

TОП НОВА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЛЕТО 2024 – ПЕЛОПОНЕЗ – ЛУТРАКИ

Ве водиме на  нова хит парти дестинација ова лето, со сигурност НАЈКОМПЛЕТНАТА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА МЛАДИ! ГАРАНТИРАМЕ КВАЛИТЕТ

ULTRA FIRST MINUTE понуда до 31.03 od 249 евра до 299 евра!

Ви нудиме хотелско сместување на одлична локација непосредно во близина на магичното море, во двокреветни или трокреветни соби со вклучен превоз и пратител во цената.

ПЕЛОППОНЕЗ – ЛУТРАКИ ви нуди неповторлива можност за посета на #Athina, обиколка на #Peloponez, #BoatPary низ Коринтски канал, најубавите грчки плажи, со 7 неверојатни забави во најдобри клубови, се само дел од оваа програма.

4 ТОП ТЕРМИНИ ВО НАЈВИСОКА СЕЗОНА: 17.07 // 24.07 // 31.07 // 07.08

ХОТЕЛ АКТИ ★★

Хотелот Акти се наоѓа во првата линија од морето и неодамна е делумно и реновиран. Сместен е во централниот дел на преубавиот Лутраки, недалеку од централна фонтана во летовалиштето. Објектот се наоѓа на само 300 метри од преубавата плажа. Секоја од собите во хотелот има сопствен балкон. Во дворот на хотелот се наоѓа бар во кој гостите можат да се дружат и опуштат.

Хотел Акти поседува: рецепцијa “Akti caffe” бар, бесплатен паркинг, како и бежичен интернет кој е уклучен во цената.

Budget собите се стандардно сместување од скромен, но нормален карактер со поглед на улица.

ВАЖНО

  • НАЈКОМПЛЕТНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА МЛАДИ! ГАРАНТИРАМЕ КВАЛИТЕТ
  • ТОП ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ЗАБАВА
  • Забава со брод низ Коринтскиот канал
  • Дневни и ноќни забави на базенот на клубот Level2
  • Клубска забава во Атина – бар на плажа Боливар
  • Дневни забави на плажа #BlueLake
  • Екскурзии во Атина, Епидаурус, Нафплио, Канал Коринт

1 ден – Македонија

Поагање од Скопје во вечерните часови со високотуристички автобус. Следува ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 – 8 ден – Пелопонез – Лутраки

По пристигнувањето во познатото летувалиште во Коринстиот залив и сместувањето во избраниот хотел следуваат денови за незаборавно уживање и лето кое долго ќе се памети. Планирана е реализација на богата летна програма која ќе донесе многу дружење, организирани посети и прошетки, уживање во плажите покрај кристално чистото море и неповторливи денски и ноќни забави.
Богатиот спектар на дополнителни активности ќе овозможи посета на Коринткиот канал – природната граница помеѓу Атика и Пелопонез, античките градови Епидаурус и Нафплио. Ќе уживате во одличните тематски дневни и ноќни забави како што се : Graffiti Party, Retro Party, 90” Party, White party, Open Air Party……(party алка)
Оваа хит детинација ќе ви овозможи незаборавни искуства и можност да ја посетите АТИНА – главниот град на Грција со препознатливите Актопол и Пантеон што ќе ве однесе во времето на античката грчка моќ. Дополнително и можност за ATHINA by NIGHT каде по посетата на #BlueLake следува несекојдневна можност за ноќна забава во еден од најдобрите атински клубови на плажа – Bolivar Beach Bar. Престојот на Пеолопонез не е целосен без прочуеното White Boat Party по водите на светски познатиот Коринтски Канал.
Ова се денови кои со сигурност ќе предизвикаат незаборавни моменти со многу забава и заедничко дружење.
Плажи / денски и ноќни барови кои се користат во реализација на програмата што го прават Лутраки – Пелопонез со сигурност ТОП ХИТ дестинација ова лето со многу можности и разновидност: Cocon beach Bar, Mabel club, Benz club, Kuko’s Summer Bar, Bolivar Beach Bar Atina, Level2 Beach Bar, Alimos Beach, Sax beach bar …..

9 ден – Пелопонез – Лутраки – Македонија

Следува напуштање на хотелот во претпладневните часови. Заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во ноќните часови.

Вклучува

  • Комплетна организација на патувањето со пратител за целото време на престој,
  • 7 ноќевања во избраниот смештај во Лутраки,
  • Превоз со модерни високотуристички автобуси(KLIMA, WC, TV, VIDEO) на наведената релација (со можност за попатно земање на потегот Скопје – Гевгелија),
  • Wi fi интернет во хотелите.

Не вклучува

  • Факултативни излети во програмата
  • Патничко – здравствено осигурување
  • Користење на клима во сите хотели се наплаќа од 5-10 евра по ден по соба на лице место,
  • Задолжителна градска такса ( ценовник од 01.01.2024) –во хотелите со 1* или 2* – 1,5 евра по ноќевање/по соба, додека во хотелите со 3* – 3 евра по ноќевање/по соба и истите се плаќаат на лице место при пристигнување,
  • Депозит во случај на штета во износ од 20 евра по лице кој се плаќа директно на рецепција во хотелот. Секако во случај да нема никаква штета во смештајниот објект, депозитот се враќа на заминување.
Форма за резервација

Останати понуди

Амстердам (Авион) – октомври

ХОТЕЛ ЛАКИ-БАНСКО

ХОТЕЛ ЈАНАКИЕВ 4*-БОРОВЕЦ 2022

Лето за млади 2024 – Закинтос

Вила “STRATOS” – Пефкохори

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287