Лутраки 8ми декември

Локација

Лутраки, Грција

Датум

10.12.2022-11.12.2022

Контакт

Резервирајте на booking@ekstrabus.com или на телефонот 043 420 020

ВИКЕНД ВО ЛУТРАКИ

Лутраки е мало туристичко место. Местото со своите минерални лековити извори е познато уште од времето на Александар Македонски. Овде посетителот може да ги комбинира минералната топла вода во базените со планинарењето, посетата на уникатната по својот вид пештера или скијање на планината Ворас (Кајмакчалан). Температурата на водата е од 37-38 целзиусови степени. Водите се лековити и се препорачуваат за болни од реума, ишијас, бронхит, нервоза, дерматолошки и гинеколошки проблеми, како и циркулативни и респираторни нарушувања.

 

1 Ден 10.12.22(Сабота)
Поаѓање од Кавадарци во 05:00 часот кон Грција после граничните формалности се упатуваме кон Пожар/Лутраки. Пристигнување во предпладневните часови сместување во апартманите и краток одмор. Групата организирано се упатува кон термалните бањи Лутраки. Можност да се ужива во термалните води на отворените базенти со топла вода од 37-38 целзусови степени. Слободното време може да се помине и во повеќето кафетерии и ресторани, како и обиколка на локалниот пазар на кои можат да се купат домашни производи. Враќање во апартманите. Слободно време можност за се прошета по уличките на с. Пожарско посета на локалната православна црква и уживање во природата. Можност на посета на локална таверна. Ноќевање.

 

2.Ден 11.12.22 (Недела)
Можност за повторна организирана посета на термалните бањи. Во пладневните часови заминување кон Воден. Посета на водопадите во Воден. Водопадите се природен феномен кои настанува по силен земјотрес во 14 век. Можност за разглед и фотографирање во паркот и водопадите како и посета на локалните продавници во непосредна близина.

Групата се упатува кон Македоннија

Цена 2.800 ден

Во цената на аражманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Сместување 1 ноќевање во студија, апартмани
  • Посета на термалните бањи
  • Посета на водопадите во Воден
  • Придружник во текот на патувањето

Во цената не е вклучено:

  • Користење на термалните бањи цена од 3 до 5 евра
  • Здравствено патничко осигурување
  • Вечера во таверна во ресторан Kalofagas Кај Митре
Форма за резервација

Останати понуди

БУДВА – Вила MANDIR

Истанбул – НОВА ГОДИНА 2022

Вила “VANGELIS” – Лептокарија

Вила “MARIA LUX” – Ханиоти

Вила Нектариос – ПОЛИХРОНО

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287