Марибор – Грац – Божиќен маркет

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Словенија и Австрија

Датум

07.12.2023 – 10.12. 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО СЛОВЕНИЈА И АВСТРИЈА
МАРИБОР- ГРАЦ
(07.12.2023-10.12.2023)

Ако сакате да уживате во одлична Божиќна атмосфера, посетете го Марибор, главниот град на Штаерска кој токму за Божиќ се претвара во волшебен град на самовилите и џуџињата… Ако пак сакате да бидете дел од урбаната магија на романтичните саеми, светликави улици и магични предбожиќни настани, тогаш дојдете со нас во Грац, градот кој уште го нарекуваат помалата сестра на Виена!

 

Прв ден: 07.12.2023 година (четврток)

18:00 часот Заминување на групата од  Кавадарци и во 20:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 08.12.2023 година (петок)

Пристигнување во Марибор во претпладневните часови. Организиран разглед на градот со локален туристички водич: Прошетка преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Потоа продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12. Век. ,  Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Потоа сместување на групата во хотел „B&B Hotel“ 3*** во центарот на Марибор во двокреветни соби (https://www.hotel-bb.com/en/city/hotels-maribor). Слободно  попладне за индивидуални  активности и прошетки низ градот кој ќе Ви овозможи нeзаборавно божиќно патување во некои други времиња во кои владее фантазијата, детскиот ентузијазам и креативноста пропратени со светлосни сензации и огнени спектакли. Ноќевање.

Трети ден: 09.12.2023 година (сабота)

Појадок. Заминување на групата со локален туристички водич кон Австрија на целодневен разглед на Грац, живописен град покрај реката Мура кој во 2003-та година е прогласен за престолнина на културата. Стариот дел на градот кој се наоѓа под ридот на замокот изгледа уште поромантично и побајковито кога е осветлен со празнични светилки, а божиќните штандови се украсени со божиќни и новогодишни украси и се полни со разновидни и вкусни деликатеси. Во центарот на стариот град ќе ги видиме главните градски атракции: старата дворска пекара, Катедралата, главниот Плоштад со Градското Собрание, Палатата на селските станови со ренесансен двор… Од пешачкиот мост над реката Мура  ќе имаме поглед на пловечкиот остров во облик на школка на реката Мура и на уметничката куќа „Kunsthaus“. На крајот од организираниот разглед ќе ја видиме сцената на Исусовото раѓање која е симбол на божиќниот маркет во градот. Најпознатата атракција е всушност ледена скулптура направена од приближно 40 тони мраз поставена во дворот на замокот Landhaushof, а целата сценографија е речиси совршена и уникатна особено во вечерните часови, кога сите фигури се дополнително осветлени со безброј светилки кои придонесуваат целата сцена да изгледа уште поатрактивно и помоќно. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време враќање во хотелот во Марибор. Ноќевање.

Четврти ден: 10.12.2023 година (недела)

Појадок. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………219 евра (13.580 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во „B&B Hotel“ 3*** во Марибор
  • Целодневен излет до Грац-Австрија
  • Лиценциран туристички водич за разглед на Љубљана и Грац
  • Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба -30 евра (за двете ноќевања)
  • Туристичка такса во Марибор (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за двете вечери
  • Патничко осигурување

 

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40  патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287