Неа Рода-Амолијани-Света Гора-Уранополис 24 мај

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Грција

Датум

24.05.2024– 26.05.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

24ти МАЈ ВО ГРЦИЈА
НЕА РОДА-АМОЛИЈАНИ-СВЕТА ГОРА-УРАНОПОЛИС

Прв ден: 24.05.2024 година (петок)

04.00 часот. Заминување на групата  од Скопје и во 06.00 часот од Кавадарци (пред туристичките агенции  „Атлантик Турс“)  кон Грција со туристички автобус преку граничниот премин Евзони. Пристигнување на Атос, третиот и најисточниот крак на Халкидики во пладневните часови. Сместување на групата во студија и апартмани во приморското туристичко место Неа Рода  (вили кои се во сопствен закуп на Атлантик Турс: „Maria Pashalidou“, „Lena“  и  апартхотелот „Lazaridis“). Слободно време за одмор од патувањето и за индивидуални активности и плажа. Ноќевање.

Втор ден: 25.05.2024 година (сабота)

09.30 Организирано заминување од Неа Рода кон пристаништето Трипити, а од таму со брод кон островот Амолијани. Слободно време за плажа и за уживање во кристално чистата морска вода. Во договореното време враќање назад во Неа Рода. Ноќевање.

Трети ден: 26.05.2023 година (недела)

08.30 Напуштање на апартманите и организирано заминување кон пристаништето во Уранополи од каде заминуваме на крстарење со брод околу монашката држава Света Гора на која се наоѓаат 20 манастири од кои по еден српски, бугарски и руски, а сите останати се грчки манастири. Панорамско разгледување на манастирите. По завршување на крстарењето слободно време за индивидуални прошетки низ небесниот град Уранополис, кој е всушност капија преку која се влегува во независната монашка држава, последното место на Халкидики кое наликува на рајот што можете овде да го добиете. Во попладневните часови заминување на групата кон Македонија. Пристигнување во Кавадарци и во Скопје  во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ…….139 евра (8.620 денари)

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања во студија и апартмани во Неа Рода
  • Посета на островот Амолијани со вклучен билет за траект
  • Крстарење со брод околу манастирите на Света Гора
  • Организација на патувањето и туристички придружник

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување
  • Туристичка такса: 1 евро по лице за двете ноќевања

Услови за деца: Деца до 4 години бесплатно (не користат кревет и седиште во автобус). Од 4-12 години плаќаат 50% од аранжманот.

Напомена: За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287