НОВА 2024 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Златибор, Србија

Датум

29.12.2023 – 02.01.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

НОВА 2024 ГОДИНА-ЗЛАТИБОР
(Сирогојно-Врњачка Бања)
(29.12.2023 – 02.01.2024)

 

29.12.2023 (петок)

22:00 часот заминување на групата од Кавадарци и во 23:30 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Србија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Прв ден: 30.12.2023 (сабота)

Пристигнување на Златибор во утринските часови. Краток одмор од патувањето. Потоа заминување кон етно селото Сирогојно каде ќе ја разгледаме единствената музејска поставка под отворено небо со педесетина оригинални куќи-брвнари кои прикажуваат како изгледале куќите во златиборските села пред повеќе од два века. Во музејскиот комплекс доминира куќа од типот на златиборската брвнара изградена во комбинација на камен и дрво а околу неа се наоѓаат помошните простoрии: гостинска куќа, млекара, амбар, занаетчиска работилница, штала… Во 70-те години од минатиот век жените се погрижиле селото да не остане познато само по етно музејот; успеале да го лансираат еден од најголемите српски модни брендови-сирогојскиот џемпер плетен од волна од врвен квалитет и украсен со шари од автентични златиборски мотиви. Пауза за кафе и закуска во некој од рестораните во Сирогојно а потоа враќање во Златибор. Сместување на групата во хотел „Cigota“ 3*** (www.cigota.rs). Слободно време за одмор и за уживање во базенот во хотелот (бесплатно користење). Хотелот располага и со модерен релакс центар чии услуги можете да ги користите со доплата (две фински сауни, парно купатило со арома терапија, две хидро-кади, солариум). Индивидуални прошетки низ градот кој е подготвен за највеселата ноќ. Кога ќе зачекорите низ овој туристички центар, првото нешто што ќе Ви го привлече вниманието е Златиборското Езеро. Веднаш над езерото се наоѓа Кралскиот Плоштад со огромно шеталиште, а од таму патот Ве води до малиот трговски центар во кој се наоѓаат голем број ресторани и бутици. Вечера во ресторанот на хотелскиот комплекс. Ноќевање.

Втор ден: 31.01.2023 (недела)

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор кој нуди забава за сите. Можете да се возите на најдолгата панорамска гондола на светот, Златната гондола која го поврзува Златибор со скијалиштето Торник, највисокиот врв на планината. За време на девет километарската траса на туристите им се овозожува несекојдневно уживање во живописните пејзажи над Златибор. Гондолата има една меѓустаница на Рибничкото Езеро каде на површина од 200 хектари е планиран развој на проектот Нов Златибор каде ќе се развива туризам од висока категорија. Со цел да ги задоволи интересите на посетителите од сите возрасти, од неодамна во Златибор е достапна најновата забавна содржина – Дино паркот лоциран во непосредна близина на хотелскиот комплекс, каде се поставени повеќе од 30 реплики на различни диносауруси. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта, организиран Дочек на Новата 2024 година на Кралскиот Плоштад со богата музичка програма и забава. Ноќевање.

Трети  ден: 01.01.2024 (понеделник)

Појадок. Слободен ден за индивидуални прошетки и уживање во убавините на Златибор. Вечера во ресторанот на хотелот. Вечерта можете повторно да ја следите музичката програма на Кралскиот Плоштад. Ноќевање.

Четврти ден: 02.01.2024 (вторник)

Појадок. Се одјавуваме од хотелот и заминуваме кон Македонија со попатна посета на Врњачка Бања. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови продолжуваме кон Македонија. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ……… 249 евра (15.440 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус
  • Три ноќевања со појадок и вечера во хотел „Cigota“ 3*** во Златибор
  • Користење на базенот во хотелот
  • Посета на Сирогојно со вклучена влезница во Музејот на отворено
  • Посета на Врњачка Бања
  • Организација на аранжманот и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не се вклучени следните услуги:

  • Користење на релакс центарот во хотелот
  • Доплата за еднокреветна соба – 100 евра (за трите вечери)
  • Туристичка такса – 1.50 евра по лице од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Патничко осигурување

 

За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

НОВА ГОДИНА ВО СОЛУН 2022

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287