НОВИ САД – 8ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Нови Сад, Србија

Датум

02 март – 06 март 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на  ТЕМИШВАР  и БЕЛГРАД 

Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград, значаен историски културен економски центар на Србија. Град кој не случајно ги носи двeте титули како Европска престолнина на младите во 2019 и Европска престолнина на културата за 2021. Тој плени со својата архитектура историја и позитивна енегија. Нови Сад  се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора, познат по Петроварадинската тврдина.

Темишвар е град во Романија. Тој е најголем град во Банат. Градот кој го нарекуваат „Мала Виена“ токму заради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја пак градот е познат и по тоа што токму тука на 16ти декември 1989 година започнале протестите кои и претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску.

Белград е главен град и најголем град во Србија. Градот се наоѓа на устието на реките Сава и Дунав во централна северна Србија, на местото каде што Панонската Низина се сретнува со Балканскиот Полуостров. Тој е најголемиот град на територијата на поранешна Југославија и по бројот на жители е четврт во Југоисточна Европа, по Истанбул, Атина, и Букурешт.

 

Прв ден 02.03.2023(Четврток)

– Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.

 

Втор ден 03.03.2023(Петок)

Н О В И   С А Д

– Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на  градот кој е познат по своето вино.Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава  и Карловачката гимназија.

– Потоа се продолжува кон Нови Сад – разгледување на градот со  локален водич. Посета на  Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина  со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е  пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква. Слободно време. Смесување во хотел. Можност за факултативна вечера на Салаш. Ноќевање.

 

Трет ден 04.03.2023(Сабота)

-Т Е М И Ш В А Р

Појадок. Факултативен целодневен излет до Темишвар Романија. Пристигнување во Темишвар, Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас .Слободно време за шопинг.

Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

 

Четврти ден 03.2023(Недела)

Б Е Л Г Р А Д

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за Белград, разглед на градот со  локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

 

Петти ден 06.03.2023(Понеделник)

– Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

 

         Цена на аражманот:

             129 евра(8.000ден) Промо цена до 31.12.2022

             139 евра(8.620ден) Промо  цена  до 31.01.2022

             149 евра(9.240ден) Редовна цена

 

Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел 3* во Нови Сад,
  • Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад
  • Пешачки разглед со локален водич на Белград
  • Профисионален туристички придружник,
  • Организација и реализација на патувањето
  • Туристичка такса

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Темишвар -Романија 30 евра(миниум 35 патници)
  • Вечера на традиционален Салаш(дополнително цена)
  • Крстарење по Дунав и Сава 15 евра
  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

 

Напомена:

-За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
-Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
-Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
-Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
-Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар.
-Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
-Уплата исклучиво во денари.
-За оваа патуваање важат општите услови за патување на Т.А Екстра Бус и СКТМ

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Хургада – Египет

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287