НОВИ САД – 8ми Март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Нови Сад, Србија

Датум

07 март – 11 март 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

НОВИ САД,СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ
со посета на ТЕМИШВАР и БЕЛГРАД 

Прв ден  07.03.2024(Четврток)

Поаѓање во 23:30 ч, преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.  

Втор ден. -08.03.2024(Петок)

Пристигнување во Сремски Карловци кратка обиколка на  градот кој е познат по своето вино.Посета на Патријаршијата црквата св.Никола фонтаната Четири Лава  и Карловачката гимназија.

Потоа се продолжува кон Нови Сад – разгледување на градот со  локален водич. Посета на  Петро- Варадинската тврдина која се наоѓа на 120 хектари површина  со безброј подземни тунели чии темели се поставени во 17 век а изградбата траела 88 години .Ремек дело на тврдината е  пијаниот часовник кој гордо стои на тврдината. Посетата продожува по улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица – пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква.  Слободно време . Смесување во хотел. Можност за факултативна вечера на Салаш.Ноќевање.

Трет ден. 09.03.2024(Сабота)

Појадок. Факултативен целодневен излет до Темишвар Романија. Пристигнување во Темишвар, Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим. Посета на Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас .Слободно време за шопинг.

Враќање во Нови Сад. Пристигнување во вечерните часови. Ноќевање.

Четврти ден 10.03.2024(Недела)

Појадок и одјавување од хотелот. Поаѓање за  Белград, разглед на градот со  локален водич: храмот Св. Сава, плоштадите Теразије, Славија, булеварот и плоштадот на Револуцијата, тврдината Калемегдан каде ќе се посетат Римскиот бунар, Воениот музеј, Споменикот на победникот. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав.  .  Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

Петти ден 11.03.2024(Понеделник)

Пристигнување во Македонија во раните утрински(ноќни) часови.

 Цена на аражманот:

  •  119 евра(7.380ден) цена до 31.12.2023

  •  139 евра(8.620ден) Промо  цена  до 31.01.2024

  •  149 евра(9.240ден) Редовна цена

Во цената на аранжманот  е вклучено:

  • Превоз на наведената релација со високо туристички автобус,
  • 2 Ноќевања со појадок во Хотел во Нови Сад,
  • Пешачки разглед со локален водич на Сремски Карловци и Нови Сад
  • Профисионален туристички придружник,
  • Организација и реализација на патувањето
  • Туристичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет до Темишвар -Романија 30 евра(миниум 35 патници)
  • Пешачки разглед со локален водич на Белград 10 евра(задолжителна доплата)
  • Вечера на традиционален Салаш(дополнително цена)
  • Здраствено патничко осигурување (задолжително) 200 ден.

Напомена:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници;
  • Доколку не се оствари реализација за минималниот број на патници, организаторот го задржува правото да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред поаѓање;
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите;
  • Доколку е потребно, организаторот го задржува правото за промена на програмата;
  • Патувањето до Нови Сад може да се реализира и со лична карта пасошот е потребен за факултативната посета на Темишвар.
  • Пасошот мора да има важност минимум 90 дена од датумот на завршувањето на аранжманот;
  • Уплата исклучиво во денари.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

КСАМИЛ 2022 – ВИЛА ВЕЛАЈ

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287