НОВИ САД – Нова Година 

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Нови Сад, Србија

Датум

30 декември 2021 – 02 јануар 2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

НОВИ САД – Нова Година

  1. ДЕН (30.12.2021 Четврток) СКОПЈЕ – НОВИ САД  

Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday Inn” во 23:00 часот. Поаѓање на автобусот за Нови Сад во 23:30 часот. Влез во Србија преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

 

  1. ДЕН (31.12.2021 Петок) НОВИ САД

Пристигнување во Нови Сад во претпладневните часови. Разглед на градот: “Српско Народно Позориште“ со истоимениот плоштад, плоштадот “Слобода” на кој се наоѓа катедралната црква “Имена Маријаниног” – една од првите изградени во неоготски стил помеѓу 1893 и 1895 година, улицата “Змај Јовина” покрај која се наоѓаат мноштвото познати бутици и ресторани како и најзначајното архитектонско дело во Нови Сад – “Владичански двор” изграден од првиот Епископ Висарион Павловиќ. Во продолжение, Соборната црква Свети Великомаченик Геогрије, Музеите на Нови Сад и на Војводина, Дунавскиот парк, мостот на Дунав, како и посета на познатата Петроварадинска тврдина. Сместување во хотел во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Вечерта, Дочек на Новата 2022 Година, на плоштад. Ноќевање.

 

  1. ДЕН (01.01.2022 Сабота) ФРУШКА ГОРА – СРЕМСКИ КАРЛОВЦИ

Појадок. По појадокот факултативна полудневна прошетка до блискиот национален парк Фрушка Гора, познат и како “Српска Света Гора” и до живописното гратче Сремски Карловци препознатливо по исклучителната архитектура и историскиот континуитет. Враќање во Нови Сад во попладневните часови. Слободно време за индивидуални активности и шопинг. Ноќевање.

 

  1. ДЕН (02.01.2022 Недела) НОВИ САД –СКОПЈЕ

Појадок. Слободно време за индивиуални активности….или факултативно заминување во посета на Салаш, кој ќе ве воодушеви со неговиот автентичен изглед. Организиран ручек со богато мени од традиционална кујна и војводинска музика. Попладне заминување за Македонија. Слободно време за индивидуални активности и “шопинг”. Заминување кон Скопје во попладневните часови. Пристигнување во вечерните часови.

 

Цена на аранжманот: 99 € (6318,00 мкд)

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел  *** на база 2 ноќевања со појадок
– Организирани разглед на Нови Сад со локален водич
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Организиран ручек во Салаш
– Факултативна посета на Фрушка Гора и Сремски Карловци 10€
– Влезници за музеите и културно – историските споменици
– Патничко здравствено осигурување други неспоменати посети и услуги
– Туристичка такса 1,5€  по лице на ден (се наплатува во агенција)

 

НАПОМЕНА:

– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
– За патување потребено е да се поседува валиден биометриски пасош или лична карта.
– Организаторот го задржува правото во случај на недоволен број пријавени, да го откаже аранжманот најдоцна 7 дена пред датумот на тргнување
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 35 патници, организаторот го задржува правото во случај на не доволен број пријавени да ја промени цената на факултативите или истата да ја откаже.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu