Пакет со 7 ноќи

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Будва, Црна Гора

Датум

10 јуни –08 септември 2021

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ВИЛА ХОТЕЛ ПАРК – БУДВА

1 ДЕН (СКОПЈЕ – БУДВА)

Поаѓање од Скопје во доцните вечерни часови. Патувањето се одвива преку Косово, Албанија и Црна Гора. Следува возење со попатни паиузи и одмори. Пристигнување во Будва по што следува сместување и време за запознавање со градот и неговите убавини. Ноќевање.

2-8 ДЕН (БУДВА)

Вистинска можност за неодоливо уживање во се она што може да понуди овој бисер на Јадранското Море. Пријатна медитеранска клима, надополнета со кристално чистото море кое е пребогато со сол. Совршена комбинација на дневен одмор и уживање со одлични забави во многубројните ноќни клубови кои траат до доцна во ноќта. Можности за посета на повеќе комерцијални плажи, крстарење околу целиот залив Бока Которска како и некои од најпознатите ноќни клубови. Сето ова во наша организација ќе доведе до едено специјално чувство и посебен провод, совршен спој за долго паметење. Традиционална кујна е на располагање на секој чекор во овој град.

8 ДЕН (БУДВА – СКОПЈЕ)

По напуштањето на собите и времето за шопинг следува заминување кон Македонија. Пристигнување во Скопје доцна во вечерните часови.


Термин
Услуга  Vila Park
1/2 1/3 1/4
10.07 – 17.07
(7 ноќевања)
 Ноќевање + превоз 189€ 189€ 179€
17.07 –24.07
(7 ноќевања)
 Ноќевање + превоз 189€ 189€ 179€
24.07 –31.07

(7 ноќевања)

 Ноќевање + превоз 189€ 189€ 179€
31.07 –07.08
(7 ноќевања)
 Ноќевање + превоз 189€ 189€ 179€

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања во апартманите Парк во Будва
  • wi – fi интернет и клима кои се вклучени во цената
  • Превоз со модерни туристички автобуси (клима, wc, tv, видео)

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети
  • Патничко и здравствено осигурување
  • Задолжителна туристичка такса кон општината – 1 евро по ноќ

 

СМЕСТУВАЊЕ:

Вила Хотел Парк** претставува комплекс од 15 вили, кои се наоѓаат во еден од најубавите делови на градот Будва т.н Podkosjun. Комплексот се наоѓа на оддалеченост од само неколку минути (400 м) од добро познатата Словенска плажа која е во должина од 1,6 километри и е вистински симбол на Будва – градот кој на секој чекор изобилува со клубови, барови, ресторани – супер места за забава и незаборавен провод.Комплексот поседува капацитет од 404 кревети распоредени во 1/2 соби, 1/3 студија и 1/4 апартмани. Студијата поседуваат кујна, фрижидер, сопствено купатило и тераса, клима уред. Апартманите се со две соби со кујна, фрижидер, купатило и тераса, клима уред. Собите поседуваат фрижидер, сопствено купатило и тераса, клима уред. Во повеќето од сместувачките капацитети има клима уред. Сите сместувачки капацитети поседуваат ТВ.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu