Пакет со 9 ноќи

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Будва, Црна Гора

Датум

19 јуни – 8 септември 2021

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

ЛЕТО 2021 – БУДВА
…МЕДИТЕРАНСКИ ОПУШТЕНО НА ЈАДРАНСКО МОРЕ!!!

Будва, бисер на Јадранот, центар на медитеранскиот туризам. Место каде се вкрстени влијанијата на истокот и западот, хеленската и римската култура. Стариот град со својата архитектура привлекува илјадници туристи, кој во вечерните часови се претвара во отворен театар за сечиј вкус. “Будванска ривиера“ ги нуди 35-те најпознати плажи на Јадранот(Јаз, Плоче, Трстено, Могрен, Словенска плажа, Бечичи, Милочер, Св.Стефан…) кои во комбинација со интензивниот ноќен живот се главна каректеристика поради кои се доаѓа во оваа престолнина на Црногорскиот туризам. Будва нуди илјада можности, на Вас останува да одберете!

10 дена / 9 ноќевања + автобуски превоз

Поаѓањето е ден однапред од дадените термини: 18.06., 27.06., 06.07….од Скопје во 23.30 часот  ( Прилеп 20.30ч, Кавадарци 21.30ч, Неготино 21.45ч, Штип 21.00ч, Велес 22.00ч )

  • Цените се изразени во евра по патник со вклучен автобуски превоз;
  • Туристичката такса не е вклучена во цената и изнесува 1 € по патник дневно (за деца 2-12 год. 0,5 €)
  • Деца од 2-12 год. со сопствен кревет 30% попуст;
  • Деца од 2-12 год без сопствен кревет 50 % попуст;
  • I категорија е соба со сопствено купатило;
  • II категорија две соби делат едно купатило;
  • Доплата за еднокреветна соба е 70% од дадената цена за сместување;
  • Аранжманот вклучува приватно сместување во зависност од одбраната категорија во двокреветни и трокреветни соби на база 9 ноќевања и автобуски превоз;
  • Вилите се оддалечени 300 – 400 метри од Словенска плажа;
  • ПАКЕТ ВО РЕСТОРАН: 9 ПОЛУПАНСИОНИ ( ПОЈАДОК / ВЕЧЕРА )

ЦЕНА: 79 € (деца од 2-12 год. 39,5 €)

  • Рестораните се наоѓаат во круг од 50 – 100 метри од сместувањето;
  • Одбитокот за сопствен превоз е 10 евра по патник

Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 61,8 денари.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. АРКА-Г

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Се патува со лична карта или пасош не постар од 3 месеци од денот на враќање. Секој патник има обврска и е задолжен да води грижа за исправноста на патните исправи.
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи и задолжителна дезинфекција при влез во автобус.
  • За времена патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот.
  • Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287