ПРОЛОМ БАЊА 8ми Март
ПРОЛОМ БАЊА
8ми Март
1. ДЕН 06.03.2022 НЕДЕЛА СКОПЈЕ – ПРОЛОМ БАЊА
Состанок на групата кај Хотел Холидеј Ин. .Поаѓање за Србија во 06:00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Пролом Бања и сместување во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, можност за користење на СПА услугите на хотелот . Вечера. Ноќевање.
2. ДЕН – 07.03.2022 ПОНЕДЕЛНИК – ПРОЛОМ БАЊА
Појадок. Слободни активности или користење на wellness centar во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности,можност на посета на Ѓаволи Варош. Вечера..Ноќевање.
3. ДЕН – 08.03.2022 ВТОРНИК ПРОЛОМ БАЊА – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите според хотелските правила. Посета со локален водич на единствената црква – брвнара во овој крај, Лазарица, позната по единствениот светски мистичен феномен- 6 стебла од сливи кои при растењето 6 пати се вртат околу себе. Заминување кон Македонија во 13:30 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во вечерни часови.
Цената на аранжманот изнесува 10.250,00 мкд
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Автобуски превоз Скопје – Пролом Бања – Скопје
- Сместување во Hotel Radan 3*
- 2 ноќевања со појадок, ручек и вечера према протоколите на хотелот
- Користење затворено отворен базен со лековита Пролом вода
- Користење Велнес центар: солена соба, парно купатило, сауна, џакузи, тепидариум (солена соба,парно купатило,џакузи,сауна) разглед до Ѓавол Варош, влезницаи излет до црквата Лазарица
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување,. За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
За овој аранжман важат Општите Услови на патување на СКТМ и Екстра Бус
Излетите се во зависност со временските услови и протоколите
Ве молиме запазете ги протоколите на К19 и информирајте се во матичната агенција
