ПТУЈ, СЛОВЕНИЈА КАРНЕВАЛ

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Птуј, Словенија

Датум

09.02.2024-12.02.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

КУРЕНТОВАЊЕ-ПТУЈ, СЛОВЕНИЈА
ЕДЕН ОД ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ КАРНЕВАЛИ ВО СВЕТОТ

Прв ден: 09.02.2024 година (петок)

20:00 часот Заминување на групата од  Кавадарци и во 22:00 часот од Скопје (пред туристичките агенции) кон Словенија со туристички автобус преку граничниот премин Табановце, со попатни одмори.

Втор ден: 10.02.2024 година (сабота)

Пристигнување во Марибор во пладневните часови. Потоа сместување на групата во хотел „B&B Hotel“ 3*** во центарот на Марибор во двокреветни соби (https://www.hotel-bb.com/en/city/hotels-maribor) . Слободно  време за одмор од патувањето и за индивидуални  активности и прошетки низ градот. Во договореното време  заминуваме кон Птуј, најстариот град во Словенија чиј центар е заштитен како споменик на културата и архитектурата. Птуј е град во кој се испреплетени илјадници години историја, наследство и култура. Ова е одлична можност не само да се види најголемиот меѓународен карневалски фестивал во Словенија, годинава 63-ти по ред туку и да се доживеат многубројните искуства што ги нуди овој словенечки град. Курентовањето го зазема највисокото место меѓу најпосакуваните искуства кога во вечерните часови градот се трансформира во најголемиот етнографски музеј на нематеријално културно наследство на отворено. Градот најавува ноќен спектакл низ карневалски украсените  улици на кои ќе се појават маскирани мистериозни ликови кои ќе бидат дел од спектакуларната игра на темнината и светлината. Ова е несекојдневна можност и Вие да станете дел од оваа традиција, ставете маска и придружете се на шеталиштето со маскирани жители кои со своите ѕвона започнуваат да ги бркаат зимата и злото. По ова несекојдневно доживување се враќаме назад во хотелот во Марибор. Ноќевање.

Трети ден: 11.02.2024 година (недела)

Појадок. Во договореното време повторно заминуваме организирано кон Птуј каде низ улиците е најавена главната карневалска поворка. Тука, на едно место ќе видиме најразновидни маски кои настанале низ различни историски периоди, а во денешно време можат да се поделат на традиционални маски со магична моќ и современи карневалски маски кои критикуваат и исмеваат различни настани што се случуваат во секојдневниот живот. Улиците и плоштадите на Птуј ќе бидат исполнети со неколку илјади карневалски и традиционални носии, кои ќе ги раскажуваат приказните за минатото, иднината и сегашноста. Слободно време за индивидуални прошетки. Во договореното време враќање во хотелот во Марибор. Ноќевање.

Четврти ден: 12.02.2024 година (понеделник)

Појадок. Организиран разглед на градот Марибор со локален туристички водич: Прошетка преку Плоштадот на генералот Маистра до Покраинскиот Музеј кој има свои изложбени простории во Мариборскиот Градски дворец. Потоа продолжуваме покрај Фрањевачката Црква, Плоштадот Леона Штукља до Сломшковиот Плоштад, Катедралата Св. Иван Крстител од 12. Век. ,  Жидовската Кула и Синагогата. Разгледот го завршуваме пред најстарата лоза на светот-плава жаметовка која е впишана во Гинисовата книга на рекорди и ја симболизира традицијата на виновата културна дестинација Марибор-Похорје. Одјавување од хотелот и заминување на групата кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во раните утрински часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………199 евра (12.340 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

– Превоз со туристички автобус на наведената релација

– Две ноќевања со појадок во „B&B Hotel“ 3*** во Марибор

– Организирана посета на карневалот во Птуј

– Лиценциран туристички водич  за разглед на Марибор

– Организација на патувањето и лиценциран туристички придружник

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Доплата за еднокреветна соба -40 евра (за двете ноќевања)

– Туристичка такса во Марибор (се плаќа во агенцијата) – 400 денари за двете вечери

– Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 35 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu