РИМ – 11 ОКТОМВРИ (АВИОН)
РИМ – 11.Октомври Сигурна реализација
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
11.oктомври (вторник) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:55 часот. Лет за Рим W6 7757 во 13:55ч. Пристигнување во Рим во 15:40 часот. Трансфер до хотелот со попатно панорамско разгледување на градот: Виа Венето, Шпанските скали, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Фонтаната Ди Треви… Сместување во хотел. Ноќевање.
12.oктомври (среда) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506 г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини: познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi, црквата Св.Агнеса во Агонија од Боромини и Рајналди…. Можност за краток одмор за ручек или уживање во вкусот на италијанското кафе. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање
13.oктомври (четврток) РИМ – Римокатоличките катедрали
Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил… Попладне Ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.
14.oктомври (петок) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна екскурзија до местото Tиволи во околината на Рим. Посета на прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Навечер, слободно време за прошетка низ Трастевере – боемскиот кварт на Рим и можност за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани. Ноќевање.
15.oктомври (сабота) РИМ – КАСТЕЛ ГАНДОЛФО и езерото АЛБАНО
Појадок. Факултативна екскурзија со локален водич до малото гратче Кастел Гандолфо на езерото Албано.
Во границите на градот се наоѓа Апостолската палата Кастел Гандолфо, која веќе 400 години служи како летна резиденција и место за одмор nа папата, водачот на Католичката црква. Се состои од комплекс од згради од 54,6 хектари во голем парк, вклучувајќи ја и главната вила од 17 век, опсерваторија и фарма со обработливо земјиште. Главната зграда, Папската палата, е музеј од октомври 2016 година. Посета на Апостолската палата и прекрасните Барберини градини. Езерото Албано е опкружено со многу летни резиденции, вили и куќи изградени во текот на 17 век. Враќање во Рим. Ноќевање.
16.oктомври (недела) РИМ
Појадок. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Трансфер до аеродромот во Рим во 13ч. Лет за Скопје W6 7758 во 15:30ч. Пристигнување во Скопје во 17:15 часот.
Цена на аранжманот:
Basic – пакет со вклучен панорамски разглед = 489 € (30.318,00 мкд)
Standard – пакет со вклучени 3 разгледи = 549 € (34.038,00 мкд)
Superior – пакет со вклучени 5 разгледи = 625 € (38.750,00 мкд)
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ – ПАКЕТОТ ВКЛУЧУВА/НЕ ВКЛУЧУВА:
– Организиран панорамски разглед на Рим:
BASIC √ (вклучено) | STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено)
– Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил (без метро карта и влезница):
BASIC (доплата 15€) | STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено)
– Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, водич и влезница:
BASIC (доплата 55€) | STANDARD √ (вклучено) | SUPERIOR √ (вклучено)
– Посета на Тиволи (со јавен превоз): резервација, водич и влезница:
BASIC (доплата 40€) | STANDARD (доплата 40€) | SUPERIOR √ (вклучено)
– Посета на Кастел Гандолфо (со јавен превоз): резервација, водич и влезница:
BASIC (доплата 45€) | STANDARD (доплата 45€) | SUPERIOR √ (вклучено)
Во цената е вклучено:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air)
– Рачна торба или ранец (40x20x30cm)
– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Сместување во хотел ***, на база 5 ноќевања со појадок
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
– Туристичка такса: Хотел 4* – 6€, Хотел 3* – 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Голема кабинска торба до 10кг; Пријавен багаж до 20кг; Пријавен багаж до 32кг,
– Доплата за 1/1 соба – 145€
– Организиран разглед со метро на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил – 15€
– Посета на Ватикан со метро со локален водич: резервација, служалки, водич и влезница – 55€
– Посета на Тиволи со јавен превоз, водич и влезница – 40€
– Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
– Посета на Кастел Гандолфо со јавен превоз, водич и влезница – 45€
– Влезници за културно-историските споменици
– Патничко здравствено осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
