Рим (Авион)
Рим (Авион)
Авионска програма
- Март (недела) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на скопскиот аеродром во 11:55 часот. Лет за Рим W6 7757 во 13:55ч. Пристигнување во Рим во 15:40часот. Панорамско разгледување на градот: Виа Венето, паркот Вила Боргезе, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот форум, Виа Дел Корсо, Колосеумот, мостовите на Тибар, црквата Св. Петар, Аурелијанските ѕидини на градот Рим… Трансфер до хотелот. Сместување и слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.
- Март (понеделник) РИМ – ВАТИКАН – НАВОНА
Појадок. Факултативна посета на Ватикан, еден од најголемите музејски комплекси во светот каде се изложени многубројни уметнички дела собрани од Римокатоличката црква низ вековите. Основач е папата Јулиј II во 1506г. Посета на Сикстинската капела, Ватиканските музеи, Рафаеловите соби, црквата Св.Петар… По разгледот, препорачуваме прошетка покрај Замокот на Ангелите и преку Мостот на Ангелите до плоштадот Навона, изграден врз темелите на Стадионот на Доминицијан од 1ви век. Познат и како уметничка четврт на Рим, плоштадот Навона е гордоста на барокот на градот Рим со скулптури и архитектонски дела од Џан Лоренцо Бернини и познатата фонтана Fontana dei Quattro Fiumi. Слободно време за индивидуални активности и прошетки. Попладне ви препорачуваме прошека по познатата Виа Дел Корсо (најпознатата шопинг улица), посета на фонтаната di Trevi, пред да продолжите понатаму незаборавајте да фрлите паричка, за да го обезбедите вашето враќање во Вечниот град. Имајте пријатна кафе пауза покрај познатите Шпански скали. Ноќевање.
- Март (вторник) РИМ – ТИВОЛИ
Појадок. Факултативна посета на местото Tиволи. Прекрасната Villa D’Este и нејзината градина се наоѓаат на листата на светското културно наследство под закрила на UNESCO. Со импресивните петстотини фонтани, нимфи, пештери, игри со вода и музика, претставува копиран модел на најпознатите Европски градини во маниристички и барок стил. Враќање во Рим. Вечерта препорачуваме прошетка низ познатиот боемски кварт Трастевере: Црквата Св.Марија ин Трастевере, посета на единствениот остров на Тибар, каде во минатото се појавила и првата Римска Населба. На островот можете да ја посетите црквата Св. Бартоломеј. Слободно време за вечера во некој од многубројните традиционални италијански ресторани во Трастевере.Ноќевање.
- Март (среда) РИМ – (Римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил) – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за факултативна прошетка низ Рим со метро и посета на катедралите Сан Џовани Латерано, Санта Марија Маџоре, црквата Сан Пјетро ин Винколи, прошетката продолжува покрај Колосеумот (мала пауза за фотографирање) до црквата Сан Клементе каде ќе ги посетиме капелата и гробот на Св. Кирил… Попладне трансфер до аеродромот во Рим. Лет за Скопје W6 7758 во 16:05ч. Пристигнување во Скопје во 17:50 часот.
Цена на аранжманот во предпродажба: 379€ (30.938мкд)-Basic пакет – 1разглед
439€(34.658мкд )- Superior– пакет со вклучени 3разгледи 489€(37.448мкд )- Premium– пакет со вклучени сите разгледи |
РАЗГЛЕДИ И ПОСЕТИ | BASIC | SUPERIOR | PREMIUM |
Организиран панорамски разглед на Рим | √ | √ | √ |
Посета на римокатоличките катедрали и гробот на Св.Кирил со вклучена влезница и метро карта | 20€ | √ | √ |
Посета на Ватикан (со метро): резервација, слушалки, локален водич и влезница. | 50€ | √ | √ |
Посета на Тиволи со јавен превоз, резервација, локален водич, слушалки и влезница во Вила Д’Есте. | 55€ | 55€ | √ |
√–вклучено во пакет цената на аранжманот!
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
– Авионски превоз на релација: Скопје – Рим – Скопје (со Wizz Air) со вклучени аеродромски такси.
– Сместување во хотел *** од групацијата на http://raelihotels.it, на база 3 ноќевања со појадок
– Панорамски разглед на градот Рим со локален водич
– Рачна торба торба (20x40x30cm), максимум 8кг.
– Oрганизирани трансфери во Рим: аеродром – хотел – аеродром
– Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
– Здравствено – патничко осигурување 164мкд или 241мкд со Ковид покритие
– Туристичка такса: Хотел 3* – 4€ по лице / ноќевање, се наплатува на рецепција.
– Пријавен багаж до 20кг – информација во агенција
– Пријавен багаж до 32кг – информација во агенција
– Доплата за 1/1 соба – 85€
– Билети за превоз со метро 1,5€ по правец / 7€ дневен билет
– Влезници за културно-историските споменици
НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 20 патници
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
