Рим (Авион) – 8ми март

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Рим, Италија

Датум

09.03.2024 – 12.03.2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Рим (Авион)

ПРОМО ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 

349€ по лице (21.640 денари) 

 

Линк од сместувањето

1.ДЕН (09.03 Сабота) СКОПЈЕ – РИМ

Состанок со групата на скопскиот аеродром во 19:00ч. Чекирање на летот за Рим. Полетувањето е закажано за во 20:50ч. Летот до Рим е во времетраење од 1ч и 45мин. Слетувањето на аеродромот Fiumicino во Рим е предвидено за во 22:35ч. Трансфер до сместувањето. Сместување. Ноќевање.

2.ДЕН (10.03 Недела) РИМ – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД

Појадок. Денот го започнуваме со факултативен пешачки разглед на Рим. Со метро се упатуваме кон центарот на Рим од каде што го започнуваме нашиот пешачки разглед на вечниот град: Плоштадот св.Петар во Ватикан, Базиликата св.Петар, Тврдината Сент Анџело, Плоштадот Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, шпанскиот плоштад заедно со Шпанските скали, Плоштадот Венеција, Римските форуми, Колосеум…По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за дополнително индивидуално уживање во прекрасниот Рим. Враќање со метро назад кон сместувањето. Слободно време за одмор. Ноќевање.

3.ДЕН (11.03 Понеделник) РИМ – ПОСЕТА НА ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ

Факултативна посета на ватиканските музеи. Цената на факултативниот излет вклучува превоз со метро до Ватикан, влезница, како и локален водич со слушалки. Времетраење на излетот – околу 2:30ч. По завршувањето на излетот, слободно време за дополнителна прошетка низ Рим. Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.

4.ДЕН (12.03 Вторник) РИМ – СКОПЈЕ

Напуштање на сместувањето. Слободно време за дополнителено уживање и прошетка низ Рим. Во вечерните часови состанок со групата и упатување кон римскиот аеродорм Fiumicino со трансфер. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Рим е закажан за во 22:50ч. Слетување на скопскиот аеродром во 00:35ч по полноќ. Крај на програмот.

Вклучува / Не вклучува

  • Повратен авио билет на релација Скопје – Рим – Скопје со авио компанијата Wizz Air
  • Вклучен ранец до 10кг по лице
  • Вклучени сите аеродромски такси
  • Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
  • 3 ноќевања со појадок во 1/3 бунгалови во “Camping Village Roma 4*” во Рим
  • Организација на патувањето
  • Доплата за двокреветен бунгалов – 50€ по лице
  • Факултативен излет – Пешачки разглед на Рим (35€)
  • Факултативен излет – Ватикански музеи (50€)
  • Туристичка такса 3€ по ноќ по лице (вкупно 9€)
  • Индивидуални трошоци
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Hotel New Montenegro 4*

canj
Menu