Рим (Авион) – 8ми Септември
РИМ 8ми СЕПТЕМВРИ (Авио)
РИМ АВИО (08.09 – 11.09)
РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
379€ по лице
Повеќе инфо за сместувањето: Roma Camping Village
Маршута
1.ДЕН (08.09 Петок) СКОПЈЕ – РИМ
Состанок со групата на скопскиот аеродром во 19:00ч. Чекирање на летот за Рим. Полетувањето е закажано за во 20:50ч. Летот до Рим е во времетраење од 1ч и 45мин. Слетувањето на аеродромот Fiumicino во Рим е предвидено за во 22:35ч. Трансфер до сместувањето. Сместување. Ноќевање.
2.ДЕН (09.09 Сабота) РИМ – ПЕШАЧКИ РАЗГЛЕД
Денот го започнуваме со факултативен пешачки разглед на Рим. Со метро се упатуваме кон центарот на Рим од каде што го започнуваме нашиот пешачки разглед на вечниот град: Плоштадот св.Петар во Ватикан, Базиликата св.Петар, Тврдината Сент Анџело, Плоштадот Навона, Пантеон, Фонтана ди Треви, шпанскиот плоштад заедно со Шпанските скали, Плоштадот Венеција, Римските форуми, Колосеум…По завршувањето на пешачкиот разглед следува слободно време за дополнително индивидуално уживање во прекрасниот Рим. Враќање со метро назад кон сместувањето. Слободно време за одмор. Ноќевање.
3.ДЕН (10.09 Недела) РИМ – ПОСЕТА НА ВАТИКАНСКИТЕ МУЗЕИ
Факултативна посета на ватиканските музеи. Цената на факултативниот излет вклучува превоз со метро до Ватикан, влезница, како и локален водич со слушалки. Времетраење на излетот – околу 2:30ч. По завршувањето на излетот, слободно време за дополнителна прошетка низ Рим. Враќање назад кон сместувањето. Слободно време за одмор и релаксација. Ноќевање.
4.ДЕН (11.09 Понеделник) РИМ – СКОПЈЕ
Напуштање на сместувањето. Слободно време за дополнителено уживање и прошетка низ Рим. Во вечерните часови состанок со групата и упатување кон римскиот аеродорм Fiumicino со трансфер. Чекирање на летот за Скопје. Летот од Рим е закажан за во 22:50ч. Слетување на скопскиот аеродром во 00:35ч по полноќ. Крај на програмот.
Вклучува / Не вклучува
- Повратен авио билет на релација Скопје – Рим – Скопје со авио компанијата Wizz Air
- Вклучен ранец до 10кг по лице
- Вклучени сите аеродромски такси
- Трансфери на релација аеродром – хотел – аеродром
- 3 ноќевања во 1/3 бунгалови во “Camping Village Roma 4*” во Рим
- Организација на патувањето
- Доплата за 1/2 соба – 50€ по лице
- Доплата за појадок – 8€ по лице по ден (се плаќа на рецепција)
- Факултативен излет – Пешачки разглед на Рим (30€)
- Факултативен излет – Ватикански музеи (40€)
- Туристичка такса 2€ по ноќ по лице (вкупно 6€)
- Индивидуални трошоци
