Рим (Авион) – октомври
ВЕЧНИОТ И НЕПРИКОСНОВЕН РИМ
СПЕЦИЈАЛНА ЦЕНА за уплата до 31.08.2023 – 490 евра (30.380 денари)
СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА !!!
РЕДОВНА ЦЕНА 549€ (34.040 мкд)
Рим – безвременскиот град,градот до кој водат сите патишта. Вечниот град и воедно единствениот кој бил престолнина уште од своето основање. Рим претставува ретка колосална престолнина, која има зачудувачка мешавина од античко и модерно. Рим претставува жив споменик на неверојатната империја која неуморно се градела, и ако некогаш постоела видлива книга со приказни за неверојатната моќ и доминација, тоа е неговото величество – грандиозниот Рим.
1 ден
01.10.2023 СКОПЈЕ – РИМ (Недела)
Состанок на групата на аеродром Скопје. Лет од Скопје за Рим со WIZZAIR во 06:05 часот. Слетување во Рим на Фиумичино во 07:50 часот.вТрансфер до центарот на градот и организиран панорамски разглед на градот со автобус и локален водич. Разглед на Катедралата Св.Џовани Латерано, црквата на Пресвета Богородица, Плоштад Де ла Република, Виа Национале, Пјаца Навона, Пјаца Барберини, Пјаца дел Пополо, Виа Венето, Замок Свети Ангело, Вила Боргезе, плоштад Венеција, Римскиот Форум, Колосеумот, Шпанските скали (најпознатата улица на светските модни креатори каде засенуваат со своите модели), Фонтана ди Треви (најпознатата фонтана на желбите), Пантеонот (монументалниот храм во Рим), прошетка по најпознатата улица Виа дел Корсо… Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални прошетки и активности. Ноќевање.
2 ден
02.10.2023 ТИВОЛИ (Понеделник)
Појадок. После појадокот предлагаме факултативна посета до Тиволи (со локален водич). Посета на неверојатната градина со стотици фонтани – познатата Вила Д’Есте (градена во импозантен барок стил) која воедно претставува една од најубавите градини во светот. Летниковецот од оваа вила е користен уште од антички период. Вилата е под заштита на светското културно наследство УНЕСКО. Враќање во центарот на градот. Слободни индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
3 ден
03.10.2023 РИМ – ВАТИКАН (Вторник)
Појадок. Со метро заминување за Ватикан и средба со локалниот водич. Посета на Ватикан и Ватиканските Музеи, Катедралата Св. Петар, Сикстинската Капела, разглед на делата на Микеланџело, Рафаело, Бернини. По завршување на посетата на Ватикан, слободно време за прошетка низ градот и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.
4 ден
04.10.2023 РИМ – РИМОКАТОЛИЧКИ БАЗИЛИКИ – СКОПЈЕ (Среда)
Појадок. Можност за факултативна прошетка низ Рим со посета на римокатоличките базилики: Санта Марија Маџоре, Сан Џовани Латерано, црква Сан Пјетро ин Винколи, црквата Сан Клементе со посета на капелата и гробот на Св.Кирил. По завршувањето на разгледот можност за индивидуална прошетка по познатата Виа дел Корзо или Виа Национале (главни шопинг улици).Трансфер од хотел до аеродром Фиумичино во 20:00 часот. Полетување за Македонија во 23:10 часот. Пристигнување во Скопје во 00:55 часот на 05.10.2023 (четврток).
Во цената е вклучено:
- aвионски превоз на релација Скопје – Рим – Скопје;
- аеродромски такси;
- рачен багаж максимум 8 кг со димензии (40 x 30 x 20 cm)
- сместување во хотел 3* во Рим на база 3 ноќевања со појадок;
- разглед на Рим со знаменитостите наведени во програмата со локален водич;
- трансфер аеродром – хотел – аеродром;
- организација и придружник на патувањето.
Во цената не е вклучено:
- туристичка такса 5 евра од ноќ по лице – 930 денари;
- влез и разглед на Ватикан со локален водич – 65 евра;
- превоз,влез и разглед на Тиволи со локален водич – 60 евра;
- факултативна посета на Римокатоличките катедрали – 20 евра;
- влезница за црква Св.Климент и гробот на Св.Кирил – 10 евра;
- метро карти;
- сите други влезници за локалитетите и други неспоменати услуги;
- патничко осигурување
НАПОМЕНА:
- Цените се по лице за сместување во двокреветни или трокреветни соби.
- За реализација на аранжманот потребен е минимум од 20 патници. За резервација задолжителна уплата на аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аражманот е 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни. Плаќањето е исклучиво во денарска против вредност по курс 1 евро = 62,00 денари.
- За реализација на факултативните излети потребен е минимум од 15 патници. При резервација задолжително е изјаснување/пријавување кои од понудените факултативи ќе ги користи патникот како би можела агенцијата навремено да ги организира истите.
- Агенцијата го задржува правото на промена на редоследот на програмата во случај на непредвидени објективни причини, како на пример застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитети предвидени за посета …
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните места по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Агенцијата го задржува правото на отказ на аранжманот 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
- Патникот има обврска пред поаѓање 24 часа да ја контактира агенцијата за потврда на точното време и место на поаѓање.
- Патната исправа треба да е валидна минимум 3 месеци по завршувањето на аранжманот. Валидноста на патните исправи се обврска на патниците, при уплата на резервација должни се истите да ги приложат во агенцијата за проверка.
- За овој аранжман важат општите услови за патување на ЕКСТРА БУС.
