Романија – Божиќен маркет

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Романија

Датум

07.12.2023 – 10.12. 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

БОЖИЌЕН МАРКЕТ ВО РОМАНИЈА
ТЕМИШВАР-АРАД
(07.12.2023 – 10.12.2023)

Ве водиме до портите на Трансилванија во атмосфера на илјадниците шарени светла што блескаат како самовили во сенката на празнично украсените дрвја! Неофицијално, Ве водиме во Виена… Официјално-во Темишвар, градот кој е под силно влијание на Австрија и центар на Србите во Банат!

 

Прв ден:07.12.2023 (четврток)

Поаѓање на групата од Кавадарци во 21.30 часот и од Скопје  во 23.00 часот (пред туристичките агенции ) кон Романија со попатни застанувања и одмори.

Втор ден: 08.12.2023 (петок)

Во претпладневните часови пристигнување во Темишвар,четвртиот по големина град во Романија, познат и како културно-образовен и трговски центар на западна Романија. Градот е најголемиот културно историски центар на Србите во Романија, тука се наоѓа и седиштето на Епархијата на Темишварската Српска Православна Црква, што е сосема разбирливо бидејќи околу половина милион луѓе кои живеат тука се Срби. Градот уште го нарекуваат  „Мала Виена“ токму поради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт и целата архитектура и амбиентот потсетуваат на стариот дел на Виена. Во поновата историја градот е познат и по тоа што токму тука на 16. декември 1989 година започнале протестите кои и` претходеле на Револуцијата, а подоцна и на падот на режимот на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Организиран разглед на градот: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат Операта и Националниот Театар, Соборната Романска црква на Банатската Митрополија, Споменикот на волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од градот Рим,  Плоштадот на единството каде се наоѓаат Римокатоличката катедрална црква, Барокната Палата, како и Српската Православна Соборна Црква во која се наоѓа вреден иконостас. Сместување на групата  во хотел „Strelitia“ 3***. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови очекувајте вистинска божиќна бајка на два гратски плоштада со празнична музика, носталгично осветлување и врвна понуда на традиционални домашни специјалитети. Враќање во хотелот. Ноќевање.

Трет ден: 09.12.2023 (сабота)

Појaдок. Заминување на групата кон Арад, градот распослан на реката Мориш на северниот дел во областа Кришана. Градот има богато историско и културно наследство и претставува вистински музеј на отворено со архитектура специфична за 18, 19. и 20. век. Љубителите на архитектурата можат да им се восхитуваат на зградите изградени во бароктен, ренесансен, класичен или неоготички стил. Една од најубавите згради во градот е Палатата на управата, како и театарот, Палатата на културата, потоа старите згради и палатите кои се наоѓаат на Булеварот на Револуцијата како и Романската и Српската Православна Црква. Организиран разглед со лиценциран туристички водич, а потоа слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови враќање во хотелот во Темишвар. Ноќевање.

Четврти ден: 10.12.2023 (недела)

Појадок. Заминување на групата кон шопинг центарот „Iulius Town“ кој претставува најголем деловен, малопродажен и забавен центар во целиот регион. Заедничкиот проект е изработен од компаниите IULIUS и Atterbury Europe и претставува најголема инвестиција во недвижен имот во регионот вредна над 220 милиони евра. Слободно време за идивидуални активности, божиќен шопинг и за ручек.  Во попладневните часови заминување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ………159 евра (9.860 денари)

(плаќање во денарска противвредност)

 

Во цената на аранжманот се вклучени следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на наведената релација
  • Две ноќевања со појадок во хотелот Strelitia“ 3*** во Темишвар
  • Организирана посета на Темишвар и Арад со лиценциран туристички водич
  • Организација и лиценциран туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Доплата за еднокреветна соба – 15 евра (за двете вечери)
  • Туристичка такса – 3 евра (се плаќа во агенцијата)
  • Патничко осигурување

НАПОМЕНА: За реализација на патувањето потребни се минимум 40 патници

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

БУДВА – Вила NADA

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287