САРАЕВО – 11 ОКТОМВРИ
САРАЕВО – МОСТАР – МОКРА ГОРА – КОЊИЦ – ЈАБЛАНИЦА
СО ПОСЕТА НА ТЕРМАЛНА РИВИЕРА
Сараево, главен град и културен центар на Босна и Херцеговина. Лежи во тесната долина на реката Миљачка, во подножјето на планината Требевиќ. Град на контрасти и различности кој нуди за секого по нешто. “Ерусалим на Европа“ или „Ерусалим на Балканот“, тој е еден од само неколкуте големи европски градови кои имаат џамија, католичка црква, православна црква и синагога во исто соседство. Град со околу 400.000жители, бурна историја, град домаќин на 14-те Олимписки игри(1984).
Прв ден: 07.10.2022 (Петок ) Кавадарци – Сараево.
Поаѓање во вечерните часови од Кавадарци. Патуваме преку граничен премин Табановце, со ноќно возење низ Србија, со попатни паузи за одмор и гранични формалности.
Втор ден: 08.10.2022 (Сабота) Сараево
Пристигнување во Сараево во утринските часови. Разглед на градот со локален водич: Врело Босна, Сарај, градската куќа, Латинска чуприја – местото на атентатот на Франц Фердинант, улицата Казанџилук со многубројните занаетчиски дуќани од периодот на Отоманското царство, одиме по пешачката зона каде е катердалата Срце Христово, соборната црква Св. Тројца, Гази Хусрефбегова и Царската џамија, Башчаршија, мостовите….Смесување во хотел. Можност за факултативан посета на термална ревиера во хотел Хилс 5*. Ноќевање
Трет ден: 09.10.2022 (Недела) Сараево – Мостар – Сараево.
Појадок. По појадокот предвидена факултативна посета на Мостар. Посета на Бункерот – атомското скривалиште на Тито во Коњиц, а потoа се продолжува кон Јабланица со попатна посета на срушениот мост од Втората Светска Војна познат како битката на Неретва. Продолжуваме кон Мостар, градот каде се сретнува северот со југот и западот со истокот, град во кој реката Неретва со векови ги дели културите и религиите, град во кој различностите и спротивностите можат да се видат и почувствуваат на секој агол. Посета на: Стариот мост, улицата Кујунџилук со занаетчиските дуќани, Отоманските резиденции од XVI-XIX век итн. Во попладневните часови враќање кон Сараево. Ноќевање
Четврти ден: 10.10.2022 (Понеделник) Сараево – Вишеград – Дрвенград – Кавадарци
Појадок. По појадокот напуштање на хотелот. Посета на градот Вишеград со посета на симболот на градот, мостот изграден од Мехмед Паша Соколовиќ кој е под заштитана UNESCO и опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на
Дрина“. Слободно време за индивидуални активности. Заминуваме кон Мокра Гора и посета на Дрвен град изграден по идеја на Емир Кустурица. Посета на единсвената музејска железница Шарганската Осмица. Слободно време. Враќање кон Македонија со попатни паузи.
Петти ден: 11.10.2022 (Вторник)
Пристигнување Кавадарци во утринските часови.
ЦЕНА НА АРАЖМАНОТ: 6.200 ден
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Aвтобуски превоз на дадената релација;
- Сместување во хотел со 3* на база 2 ноќевања со појадок во Сараево;
- Разгледување на Сараево со локален водич;
- Разглед на Андрич град, Дрвен град;
- Посета на железницата Шарганска осмица;
- Придружник на групата.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Здравствено патничко осигурување (задолжително) – 200 денари;
- Посета на Термална ривиера Хотел Хилс 5* со везница и превоз –10евра(620.ден) (миниум 10 патници);
- Полудневен излет до Мостар и разглед + посета на Бункерот на Тито – 30 евра (минум 35 патници);
- Разглед и посета на Дрвенград (влез 1-3е се плаќа при влез);
- Туристичка такса 2 евра – се плаќа во автобус;
- Доплата за 1/1 соба е 2.200 ден.
НАПОМЕНИ:
- Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€;
- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 40 патници;
- За секое лице потребен е пасош со минимум важност 3 месеци од денот на враќање;
- Може да се патува со лична карта.
- ***Организиран превоз од Кавадарци, Неготино, Велес, Скопје и Куманово.
За овој аранжман важат општите услови за патување на Т. А.Екстра Бус и СКТМ.
