САРАЕВО Нова Година 2024
Сараево
Дочек на Новата Година во Сараево. Тридневна екскурзија која ќе ви остане во сеќавање, прошетка низ убавините на Босна и Херцеговина.
План и програма
ПРВ ДЕН 29.12.2023 (ПЕТОК)
Поаѓања се организирани од повеќе градови во Македонија. Поаѓањето од Скопје, пред Хотел Русија е околу 20:30ч но патниците за точно време на поаѓње се известуваат на еден ден пред поаѓање. Се патува преку Србија со попатни вечерни паузи.
ВТОР ДЕН 30.12.2023 (САБОТА)
Пристигнување во Сараево и упатување на разглед на Сараево со локален водич. Разгледот започнува од “Vijecnica”па до местото каде е извршен атентат врз Франц Фердинанд од страна на Гаврило Принцип, хотел Европа, австро-унгарскиот дел, плоштадот Маршал Тито, местото каде е формирана групата INDEXI, Бегова Џамија и Башчаршија. Разгледот се прави се со цел патниците подобро да се запознаат со градт.Можност за организирана вечера доколку има интерес од страна на група. Слободно време, и упатување кон хотел за сместување.Ноќевање.
ТРЕТ ДЕН 31.12.2023 (НЕДЕЛА)
Третиот ден започнува со појадок во хотел. Заминување на екскурзија оклолу 11:00ч. Првото место за посета е Јабланица. Групата ќе има можност да го посети местото каде била Битката на Неретва 1943 год. позната како “Bitka za Ranjenike” која била 4-та непријателска офанзива на НОВЈ. Ито така овде е снимен познатиот филм „Битка за Неретва“ 1969 год.. Кратка пауза за фотографија и заминување кон Мостар.
Се посетува стариот мост, каде што можете да направите фантастични фотографии . Голем дел од туристите доаѓаат во Мостар за да го видат мостот, но Мостар има многу повеќе за истражување. Безброј, продавници, сувенирници богати со бакарни предмети каде што можете да си купите сет за кафе или карактеристични локални сувенири или пак килими за вашиот дом, сето ова е лоцирано на Кујунџилук улицата. Ова е интересна улица (со калдрма) за прошетка, ако сте за шопинг можете да поминете часови овде. Заминување кон Сараево. Дочек на Нова Година на плоштад. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање
ЧЕТВРТИ ДЕН 01.01.2024 (ПОНЕДЕЛНИК)
По појадокот во хотел, групата се упатува кон Босанските пирамиди. Пред повеќе од 10 години, во Босна беше пронајдено големо откритие кое го шокираше светот , особено историчарите и археолозите. Босанските Пирамиди беа пронајдени од страна на Др.Семир Османгич и тие го дигнаа во врвот на неговата кариера. Босанските пирамиди се наоѓаат во близина на градот Високо, а според најновите истражувања датираат од предбиблиската историја. Најголемата пирамида е Пирамидата на Сонцето и е прва од тој вид во Европа, додека Пирамидата на Месечината и Пирамидата на Босанскиот Змеј, се значително помали. Под пирамидите се пронајдени три подземни одаи и мало сино езеро. Езерото содржи чиста, стерилна вода, без бактерии, алги, печурки, микроорганизми, животни, мов и кал. Ја нарекуваат жива вода, затоа што го прочистува телото. Тоа значи дека тие објекти всушност се „одаи за прочистување“ и тука телото побрзо се регенерира и болестите исчезнуваат. Покажано е дека просториите под пирамидите имаат лекувачки моќи поради големото ниво на јонизација. По посетата се враќаме во хотел. Патниците кои нема да ги посетат пирамидите имат слободно време во хотел со тоа што по враќање од пирамидите ќе бидат земени од хотел и се поаѓа кон Вишеград.
Прекрасен град каде туристите имаат можност да одат на крстарење по Дрина и да се запознаат со природните и историски убавини на градот, да ги слушнат легендата за близнаците Стоја и Остоја како и легендата за невестата Фата. Групата го посетува симболот на градот а тоа е познатиот мост кој е изграден по наредба на Мехмед Паша Соколовиќ и денес е под заштита на UNESCO, опишан во романот на Иво Андриќ „Мостот на Дрина“. Во Вишеград исто така ќе имате можност да го посетите Aндриќград познат како и Каменград кој инвеститор е познатиот тенисер Новак Џоковиќ. Како културен центар изграден е по иницијатива на Емир Кустурица а за туристи официјално е отворен во 2012 година. Слободно време за прошетка. Заминување кон Македонија.
Во цената е вклучено:
- Превоз oд: Битола(Спортска сала), Прилеп(Лукоил бензинска), Росоман (пазарче), Велес(Макпетрол), Скопје(Дрводекор) и Куманово (Макпетрол бензинска)
- 2 ноќевања со појадок во хотел со 3*
- Разглед на Сараево со локален водич
- Туристички придружник за време на патувањето
- Посета на Вишеград и Андриќград
Што не е вклучено во цената
- Босански пакет (Бункерот на Тито, Јабланица,Мостар и Босански пирамиди) 75eвра
- Босанските пирамиди (Тунел равно)- 25 евра
- Историски пакет (Посета бункерот на Тито, Јабланица и Мостар) 60евра
- Крстарење по Дрина- 5 евра од лице
- Туристичка такса- 2 евра од лице за две ноќевања (задолжително)
- За екскурзиите е задолжителна пријава во агенција. Уплатата е во автобус
- Патничко осигурување
- Дочек на Нова Година на плоштад
Важно
За реализација на овој аранжман, потребен е минимум од 35 патници, во спротивно, крајниот рок за известување околу евентуален отказ на аранжманот е најкасно 5 дена пред датумот на поаѓање.
- За деца од 3 полни до неполни 12 години се плаќа 50% од сумата на аранжманот кога станува збор за двајца возрасни и дете до неполни 12 години. Кога станува збор за еден родител и дете од 3 до 12 неполни години, за детето се плаќа 70% од редовната сума на аранжманот
-Во случај да нема доволен број на патници од наведените градови за превоз, се организира трансфер до Скопје - За деца со полни 12 години се плаќа цела сума
- Организаторот на патувањето го задржува правото за измена на редоследот на поедини содржини во програмата
- Патувањето може да биде со валидна лична карта или пасош
- Доколку патувањето се реализира според планираното и нема никакви пречки за негова реализација, а дојде до откажување од страна на патникот, тогаш откажувањето ќе се реализира во согласност со општите услови за патување.
- Распоредот на седишта се нумерира според уплатата. Доколку туристите имаат барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за време на патувањето од Скопје до Сараево и назад. Не и за време на екскурзиите
