Соко Бања – Велигден 2023

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Соко Бања, Србија

Датум

14 април – 17 април 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Соко Бања – Велигден 2023

14.04.2023 (Петок) КАВАДАРЦИ-СКОПЈЕ – СОКО БАЊА

Состанок на групата на паркингот кај хотел ВИП спроти саем рано наутро во 05.30часот. Поаѓање кон Србија во 06.00 часот. Патувањето се одвива преку граничниот премин Табановце со кратки паузи за одмор и обавување на царински формалности. Пристигнување во Соко Бања во пладневните часови и сместување во хотел Бањица. Ручек. Краток одмор и освежување од патувањето и заминување на организирана попладневна прошетка низ поширокиот центар на Сокобања со локален водич (Mилошев Конак, Tурско купатило, црквата Св. Преображение…). Враќање во хотел. Вечера. Ноќевање.

 

15.04.2023 (Сабота) СОКО БАЊА – ЛЕПТЕРИЈА – СОКО ГРАД 

Појадок. Организирана претпладневна прошетка до излетничко место Лептерија и стариот Соко Град со локален водич. Враќање во хотел. Ручек. Слободно попладне за индивидуални активности, релаксација и одмор. Вечера. Ноќевање.

 

16.04.2023 (Недела) СОКО БАЊА – ОЗРЕН 

Појадок. Ден предвиден за традиционален велигденски ручек на планината Озрен со богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача) и организирани активности и натпревари во природа на отворено (влечење на јаже, фрлање на камен од раме, скок во далечина…). Враќање во хотел, слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

 

17.04.2023 (Понеделник) СОКО БАЊА –СКОПЈЕ-КАВАДАРЦИ

Појадок. Напуштање на собите според хотелското правило. Слободно време за индивидуални прошетки. Заминување за Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 

Цена на за резервации до 15.03.2023 – 139€/8.618 мкд

Редовна цена на аранжманот  159€/9.985 мкд

Цени по лице за најмалку 2 лица во соба

Цени изразени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62ден

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со автобус на наведената релација
– Сместување во хотел Бањица 3* на база 3 ноќевања
– Исхрана на база 3 полни пансиони (појадок-шведска маса, ручек и вечера сет мени)
– Организиран разглед на Соко Бања со локален водич
– Организирана прошетка до Лептерија и Сокоград со локален водич
– Организиран излет на планината Озрен со традиционален велигденски ручек и богато национално мени (јагнешко печено, сокобањско сирење, домашен кајмак и врела погача)
– Туристичка такса
– Организација, реализација и лиценциран придружник на патувањето

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

– Задолжително патничко и здравствено осигурување
– Индивидуални трошоци

 

НАПОМЕНИ:

– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

БУКУРЕШТ – Нова Година 

11 ОКТОМВРИ БОСНА и ХЕРЦЕГОВИНА

РИМ – 8ми декември (АВИОН)

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287