НОВА ГОДИНА ВО СОЛУН 2022
НОВА ГОДИНА ВО СОЛУН 2022
Зошто токму Солун ? Затоа што кога сè оставиме на страна и се препуштиме на нашите сетила со кои можеме да го доживееме оној стар и уникатен град, град УНЕСКО,град кој се споменува како Отворен музеј на ранохристијанска и византиска уметност.Ајде да го доживееме Солун како град кој го добил името по Тесалоника,сестра на Александар Велики,изграден на темелите на стариот град Терми,во терманскиот залив,каде се наоѓало пристаништето на градот Пела, престолнина на старата Македонија.
А најдобар начин горнаведеното да го постигнеме и доживееме е да бидеме лоцирани во самиот центар на градот или најдобро кажано во срцето на белиот,сончев и неповторливиот СОЛУН !
1 ДЕН: 31.12.2021 (петок) ШТИП – СКОПЈЕ – СОЛУН (КОСМОС)
Поаѓање од Штип (пред Нова Пошта) / Скопје (Хотел ВИП) во 04:00 часот.Патувањето продолжува преку граничен премин Богородица. Посета на Космос – можност за шопинг и индивидуални активности.Пристигнување во Солун во попладневните часови. Сместување во хотел во центарот на градот. Одмор и припреми за Дочек на Новогодишната ноќ.Во вечерните часови заминување кон плоштадот Аристотели. ДОЧЕК НА НОВАТА 2022 ГОДИНА. Во договореното време враќање во хотелот.Ноќевање.
2 ДЕН: 01.01.2022 (сабота) СОЛУН
Појадок. Можност за разглед на градот и посета на некои позначајни знаменитости кои го красат градот: Белата Кула,црквата Свети Димитрија,античкиот Римски Форум, црква Ротонда, арката на Галериус ,црква Света Софија,Плоштадот Аристотели… Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг на главните улици во градот Виа Игнатиа и Тсимиски.Ноќевање.
3 ДЕН: 02.01.2022 (недела) СОЛУН – СКОПЈЕ – ШТИП
Појадок. Напуштање на хотелот и слободно време за прошетка во Солун или уживање во неодоливото вкусно кафе комбинирано прекрасниот морски поглед кое во секое годишно време не остава без здив.Во договореното време заминување кон Македонија во попладневните часови. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.600 денари до 30.11.2021
РЕДОВНА ЦЕНА: 6.200 денари
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
-Автобуски превоз
-2 ноќевања со појадок во Хотел 3* во центарот на Солун;
-Организација на аранжманот и придружник на патувањето
ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
-Туристичка такса – 2 евра од ден од лице
-Патничко осигурување
НАПОМЕНА:
– За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
За патувањето е потребен сертификат за 2 примени вакцини,14 дена од втора вакцина, или Сертификат за прележан КОВИД не постар од 45 дена или Брз Рапид Тест или ПЦР тест.
