СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ЛИТОХОРО- ЛУТРАКИ-ВОДЕН – 8ми Март

Локација

Грција

Датум

08.03.2024-10.03.2024

Контакт

Резервирајте на booking@ekstrabus.com или на телефонот 043 420 020

СОЛУН-ПАРАЛИЈА-ЛИТОХОРО- ЛУТРАКИ-ВОДЕН – 8ми Март

1 ден: 08.03.2024 год.

Поаѓање за Солун од Скопје на паркингот кај хотелот Вип во 05.00 часот со туристички автобус. Пристигнување во Солун околу 10.00 часот, следува панорамско разгледување на градот со посета на Виа Игнација, црквата Св. Димитрија, Римскиот форум, Белата Кула…Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг по познатите улици Via Egnatia и Tsimitski. Попладне поаѓање за Паралиа. Пристигнување и сместување во хотел. Вечерта организирана факултативна свечена вечера во таверна со уметничка програма на грчки песни и танци и со специјалитети на грчката кујна. Ноќевање.

2 ден:  09.03.2024 год.

Појадок. По појадокот следи целодневен факултативен излет до Пожарските бањи, (произлезени од словенскиот збор „Пожар“ што значи оган или топлина), познати како Бањи во Лутраки, Бањи на Аридеја или едноставно Бањи. Станува збор за минерални извори кои се наоѓаат под планината Кајмакчалан и никнуваат на температура од 37°C, со извонреден хемиски состав (калиум, натриум, манган, магнезиум, силициум, флуор, железо и литиум). Топлата вода има лековито дејство и се пие. Посетителите ги користат за бањска терапија, стимулација и релаксација, додека водите помагаат во борбата против циркулаторните, респираторните, ревматските, гинеколошките и дерматолошките заболувања. Бањите во Лутра Пожар се отворени во текот на целата година, овозможувајќи незаборавно спа искуство. Има многу спа објекти за уживање на посетителите, вклучувајќи ги водопадите и надворешните базени и многу приватни затворени базени и амами за третмани и капење. Слободно време за користење на бањите или прошетка по околната природа. Во областа е откриен комплекс од околу 15 пештери, со изобилни наоди од праисторијата, кои се изложени во малиот музеј Лутра. Областа е прогласена за пештерски парк и е прва од ваков вид во Грција. Во договорено време заминување за Воден и посета на водопадите. Воден или Едеса во превод би значело „Кула на вода“ е веројатно единствениот град на свет каде водопадите се многу блиску до центарот на градот. Ги има седум, а главна атракција е најголемиот Каранос, висок 70 метри именуван во чест на првиот антички македонски крал. Слободно време за прошетка по прекрасните патеки исполнети со зеленило и вода. Доцна попладне враќање во Паралија. Ноќевање.

3 ден:  10.03.2024 год.

Појадок. По појадокот следува слободно предпладне во Паралиа за шопинг. Заминување на излет до Литохоро. Посета и разгледување на новиот манастир Св. Дионисиј и местото Литохоро во подножјето на митската планина Олимп. Слободно време за индивидуални прошетки. Попладне заминување за Македонија со посета на freeshop Богородица. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

ЦЕНА: 109 евра (6.700 денари)

Во цената се пресметани следните услуги:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација;
  • Сместување во хотел 3* во Паралиа на база две ноќевања со појадок;
  • Разгледување и шопинг во Солун;
  • Посета на Литохоро и и манастирот Св. Дионисиј;
  • Организација и пратител на патувањето

Во цената не се пресметани следните услуги:

  • Факултативен излет до Бањите во Лутраки и Воден – 15 еур;(минимум 35 лица пријавени за реализација)
  • Свечена вечера во таверна во Паралија;
  • Влезници за посетите;
  • Патничко осигурување (задолжително)

НАПОМЕНА:
За реализација на аранжманот потребни се минимум 40 патници.

Форма за резервација

Останати понуди

БУДВА – Вила TOMMY

Вила Михалис – Лептокарија

Амстердам (Авион)

IGLIKA PALACE 4* – Боровец

Патувајте во Босна за 23 Октомври

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287