Тоскана Нова Година 2023

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Тоскана, Италија

Датум

28 декември 2022 – 01 јануар 2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Тоскана Нова Година 2023 

Програма на патување:

1 ден 28.12.2022 (среда)  СКОПЈЕ – МОНТЕКАТИНИ 

Состанок на групата во 11.30 часот на паркингот кај Вип хотел спроти хотел спроти Ист Гејт. Поаѓање за Италија во 12.00 часот. Се патува преку Србија, Хрватска и Словенија. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

 

2 ден 29.12.2022 (четврток)   МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА – МОНТЕКАТИНИ

Пристигнување во пладневните часови во Moнтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно време за одмор и прошетки низ преубавото Монетекатини Терме. Препорачуваме посета со вовче до Монтекатини Алто, посета на бањата Терме дел Тетучо која денес е под заштита на светското културно наследство на УНЕСКО. Ноќевање.

 

3 ден 30.12.2022 (петок) МОНТЕКАТИНИНИ – СИЕНА – САН ЏИМИЊАНО – МОНТЕКАТИНИ 

Појадок. Ден предвиден за факултативна посета на најубавите средновековни градови на Италија, одиме во Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана, град познат по својата богата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena –Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio… Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Патувањето продолжува кон Сан Џимињано, типично тосканско гратче опкружено со винови насади и маслинови градини. Градот на убавите кули San Gimignano delle belle Torri е град со одлично сочуван оригинален амбиент од 13от век, неговиот стар град е лоциран на Piazza Della Cisterna, триаголен плоштад обиколен со средновековни куќи. Заради своето културно и светско наследство Сан Џимињано од 1990год е под заштита на УНЕСКО.  Слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во Монтекатини и слободна  вечер за индивидуални активности. Ноќевање.

 

4 ден 31.12.2022  (сабота) МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА – ЛУКА – ФИРЕНЦА – МОНТЕКАТИНИ 

Појадок. Ден предвиден за организирана факултативна посета на Пиза и Лука. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чија што флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното Море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата Il Duomo, Крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула која е најпозната кула во цела Италија, Campo Santo (старите гробишта). По посетата на Пиза, заминуваме накај Лука, познат  по своето речиси недопрено старо градско  јадро, опкружено со ѕидини од времето на ренесансата. Лука е одалечен на само 70 км од Фиренца и низ него тече реката Серико која на 10 км западно се влева во Тиренско Море.  Враќање во хотел. Вечерта дочек на НОВА ГОДИНА 2023 во Фиренца. Секој плоштад со своја новогодишна бајка.  Враќање во хотел. Ноќевање.

 

5 ден 01.01.2023 (недела) МОНТЕКАТИНИ – ФИРЕНЦА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот заминување на факултативна посета на Фиренца, срцето на Италија и бисерот на ренесансата. Пристигнуваме во Фиренца каде се сретнуваме со локалниот водич и го започнуваме разгледот на Фиренца: Црквата Санта Кроче, Плоштадот Сињори, Палацо и Понте Векио, Дуомото Санта Марија дел Фјоре, Крстилницата Сан Џовани… По разгледот оставаме слободно време за индивидуални прошетки и разгледи, во еден од најубавите ренесансни градови на Италија. Во договорено време поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.

 

5 ден 01.01.2023 (недела) СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

Цена на аранжманот за резервации до 01.12.2022- 209€/12.958ден

Цена на аранжманот 229€/14.198ден

Цена во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€/62мкд. 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

– Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
– Сместување во хотел со 3*/4* на база 3 ноќевања со појадок во Монтекатини Терме (или околина)
– Дочек на Нова Година во Фиренца (трансфер)
– Организација, реализација на аранжманот и туристички придружник на патувањето
– Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Неготино, Кавадарци и Велес

 

Во цената на аранжманот не е вклучено: 

– Целодневна посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) 50€
– Целодневна посета на Пиза и Лука (трансфер, локален водич) 50€
– Задолжителна посета и разглед на Фиренца (трансфер, локален водич) 30€
– Туристичка такса во хотел во Монтекатини (3€ по лице од ден доплата на лице место)
– Задолжително патничко осигурување

 

Напомени: 

– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 6 месеци пред истек.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба.
– За реализација на факултативите потребен е минимум од 30 патници, во случај на недоволен број на пријавени, агенцијата го задржува правото за отказ на факултативата или промена на цената на факултативата.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата во случај на потреба.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287