ТРИКАЛА

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Трикала, Грција

Датум

24.12.2022

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ТРИКАЛА
РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА НА ДЕДО МРАЗ

И овој Божиќ, во работилницата на џуџињата се работи со полна пареа. Не пречекуваат во нивните топли пекари со привлекувачки мирис и убава глетка. Пченицата е ставена и чека да се почне да се работи со полн капацитет за истата да стане брашно. Божиќ во работилницата на џуџињата е наслаткиот, најбаковитиот и најволшебниот. Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и мнооогу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти… Подготовките се одвиваат со месеци. Најпознатите пекари од светот одлучија да споделат со нас многу традиционални вкусови, насмевки и многу моменти на среќа како за децата така и за возрасните. Го одбраа најубавото Божиќно село во светот и тоа е не толку далеку од нас. Токму во Трикала. Џуџињата одлучија да ја постават нивната работилница тука, на истата улица, а Дедо Мраз му дозволи и еве….Се е спремно за најсрекниот Божик и Нова Година !!!! Приказната продолжува заедно со Нас…
Ве водиме на најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.
Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Забавата продолжува со лизгање на мраз, возење на возот Пирати експрес кој ќе ве понесе низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во Работилницата на Џуџињата ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки… Не заборавајте да понесете позитивно расположение и голема Насмевка , Ве очекува голема доза на среќа…

ПОАЃАЊЕ:

КАВАДАРЦИ:  6.00 часот – Автобуска Станица

НЕГОТИНО: 6.10 часот –Постојка Собрание

Враќање во 18ч локално време.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

КАВАДАРЦИ: 1500 денари / деца до 10 години 1300 денари

 

Во  цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Посета на Метеори

 

Напомена:

За реализација на овој аранжман потребно е минимум 40 патници.
За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. ЕКСТРА БУС.
Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 3 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

8-ми Март во Истанбул

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287