ТРИКАЛА

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Трикала, Грција

Датум

02 – 23.12.2023

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

ТРИКАЛА
РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА НА ДЕДО МРАЗ

И оваа година Приказната продолжува заедно со Нас…
Ве водиме на најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Името на панаѓурот е РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Исто така, постои забавен парк кој ке ги импресионира најмладите, но и возрасните. Ве водиме низ едно магично Божиќно доживување кое се памети целиот живот. Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во Работилницата на Џуџињата ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки… Не заборавајте да понесете позитивно расположение и голема Насмевка , Ве очекува голема доза на среќа…

 

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ:

  • 02.12.2023
  • 08.12.2023
  • 16.12.2023
  • 23.12.2023

ВРЕМЕ НА ПОАЃАЊЕ:  

КАВАДАРЦИ:  05.00 часот – Автобуска Станица
НЕГОТИНО:    05.15 часот –Постојка Собрание

Враќање во 18ч локално време.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
КАВАДАРЦИ: 1700 денари / деца до 12 години 1500 денари

 

 Во  цената е вклучено:

  • Превоз со високо туристички автобус
  • Посета на Божиќното село
  • Посета на Метеори-Голем Метеор

 

Во цената не е вклучено:

  • Влез во Манастирот –се плаќа индивидуално

 

Напомена:

  • За реализација на овој аранжман потребно е минимум 40 патници.
  • За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. ЕКСТРА БУС.
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот 3 дена пред поаѓање поради недоволен број на патници.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

НОВА ГОДИНА ВО АЛБАНИЈА

Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287