Посета на „Работилницата на Дедо Мраз“ во Трикала

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Еднодневно патување во Трикала

Датум

14 декември 2019 (сабота)
21 декември 2019 (сабота)

Контакт

Резервирајте на booking@ekstrabus.com или на телефонот 043 420 020

Детали за патувањето

ТЕРМИНИ НА ПОАЃАЊЕ: 14.12.2019 (Сигурна реализација) и 21.12.2019

„И овoј Божиќ, во работилницата на џуџињата се работи со полна пареа. Мирисот на ванила и чоколадо се шири од топлите пекари. Пченицата е ставена, таа набргу ќе стане брашно.“

Секој Божиќ во работилницата на џуџињата е посебен и уникатен. Џуџињата на Дедо Мраз, глувчињата, пекарите, самовилите и многу нивни асистенти им нудат на посетителите незаборавни моменти. Подготовките се одвиваат со месеци. Најпознатите пекари од светот одлучија да споделат со нас многу традиционални вкусови, многу моменти на среќа како за децата, така и за возрасните. Го одбраа најубавото божиќно село во светот и тоа е не толку далеку од нас. Токму во Трикала џуџињата одлучија да ја постават нивната работилница…

Ве водиме во најубавиот Божиќен парк, во градот Трикала во Централна Грција кој стана познат како зимска дестинација благодарение на иновативната идеја да вклучи една стара мелница во најголем тематски парк за Божиќ во Грција. Неколку години по своето основање, проектот еволуирал од мал Божиќен панаѓур до голем тематски парк, кој минатата година го посетиле повеќе од 850.000 посетители.

Името на панаѓурот е „РАБОТИЛНИЦАТА НА ЏУЏИЊАТА“ каде што децата можат да ја посетат куќата на Дедо Мраз, да се фотографираат со џуџињата, да цртаат, да прават леб, да видат како се прави чоколадото, да ги вкусат традиционалните колачиња. Прекрасни празнични декорации, волшебна атмосфера, забава за големи и мали, вкусни искушенија, Дедо Мраз, лизгање на мраз, возење со воз…Божиќ е познат по купувањето на подароци, па во „Работилницата на Џуџињата“ ќе имате можност да купите уникатни подароци од прекрасно декорираните дрвени куќарки.

 ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО

 ПОАЃАЊЕ:

СКОПЈЕ – 03.00 часот на паркингот на хотел ВИП

ВЕЛЕС: – 03.45 часот на Motel Makedonija

КАВАДАРЦИ: – 04.30 часот на АВТОБУСКА СТАНИЦА

ПРИЛЕП: 05.30 часот на бензиска станица ЛУК ОИЛ

БИТОЛА: 06.00 часот на СПОРТСКА САЛА

Поаѓање за Метеори во предвидените сатници. Патувањето продолжува со попатни паузи и царински формалности – граничен премин МЕЏИТЛИЈА. Пристигнување на Метеори во претпладневните часови. Планирана посета на големиот манастир МЕТЕОРА. По разгледот, посета на работилницата за изработка на икони. Патувањето продолжува за Трикала. Посета на работилницата на џуџињата на Дедо Мраз. Индивидуални активности. Поаѓање за Македонија во 19.00 часот. Пристигнување во доцните вечерни часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

СКОПЈЕ и ВЕЛЕС: 1500 денари / деца со 10 години 1300 денари

КАВАДАРЦИ: 1200 денари / деца до 10 години 1000 денари

ПРИЛЕП: 850 денари / деца до 10 години 750

БИТОЛА: 750 денари / дца до 10 години 550 денари

Напомена:

За реализација на овој аранжман потребно е минимум 40 патници.

За реализација на овој аранжман важат општите услови на патување на Т.А. ЕКСТРА БУС

Форма за резервација

Останати понуди

Вила Сула

Вила Елса

Велигден во Љубљана

Вила Катерина

Вила Јович

Menu