Турција – Автобуски превоз

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Кушадаси, Турција

Датум

10 јули – 16 август 2021

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

КУШАДАСИ – ЛЕТО 2021

ТЕРМИНИ:

10.07.2021 – 19.07.2021

17.07.2021 – 26.07.2021

24.07.2021 – 02.08.2021

31.07.2021 – 09.08.2021

07.08.2021 – 16.08.2021

КУШАДАСИ – лоциран на 75 километри јужно од Измир, во истоимениот залив, е најпопуларниот летен туристички центар на турскиот брег на Егејот. Сончање на песочните плажи, разновиден ноќен живот, богатство на историски споменици ќе го направат вашиот престој во Кушадаси незаборавен. Културното и историско наследство од времето на античка Грција, околината на Ефес, атрактивните екскурзии се само дополнителни атракции што Кушадаси им ги нуди на своите посетители. Кушадаси има типична медитеранска клима со топли лета и благи зими, така што туристичката сезона трае доста долго. Во центарот на Кушадаси има чаршија што ќе ви даде чувство на вистински ориент – договарањето е задолжително. За младите и оние кои се чувствуваат млади, Кушадаси ја нуди познатата улица Бар, каде можете да очекувате неверојатна забава до раните утрински часови. Нека започне забавата!

ПРОГРАМ НА ПАТУВАЊЕТО:

1.ДЕН(СКОПЈЕ–КУШАДАСИ)
Состанок со групата на паркингот пред С.Ц Борис Трајковски во Скопје. Поаѓање. Возење преку Р.Бугарија со попатни паузи за одмор.

2–8.ДЕН(КУШАДАСИ)
Преминување на Дарданелите со траект, од каде се упатуваме кон нашата крајна дестинација – неверојатниот Кушадаси! Сместување на групата и запознавање на местото на кое што ќе престојуваме во наредните 8 дена. Бисерот на Егејското Море ќе ви овозможи совршена комбинација на одмор и забава. Медитеранска клима, чисто сино море, многу плажи и заливи, можност за бројни екскурзии, традиционални јадења и музика кои ветуваат убав одмор. Голем број млади создаваат фантастична атмосфера секоја година, и благодарение на многуте коктели, плажа, брод, тематски и караоке забави, ќе го доживеете врвот на забавата за време на нашиот престој! Покрај тоа, најпознатите српски диџеи ќе направат да се чувствувате како дома!

9.ДЕН(КУШАДАСИ–СКОПЈЕ)
По напуштањето на хотелот и слободното време за шопинг, тргаме назад кон Скопје.

10.ДЕН(СКОПЈЕ)
Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  

ПРОМОТИВНА ЦЕНА: 249€ 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

  • Комплетна организација со водич на патувањето
  • 7 ноќевања со појадок во Ramada Hotel & Suites 5*
  • Превоз со модерен туристички автобус на наведените релации

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Индивидуални трошоци
  • Факултативни излети и посети
  • Задолжително патничко – здравствено осигурувањет
  • Доплата за вечера 6€по лице/по ден

ПОПУСТИ:

  • Дете до 2 години ГРАТИС
  • Дете од  2 – 7 години – 99€
  • Дете од 7 – 12 годии – 199€

* БРОЈОТ НА МЕСТА И ПРИЈАВИ ПО ПРОМО ЦЕНА Е ОГРАНИЧЕН, ОДНОСНО ПРИЈАВУВАЊАТА ВАЖАТ СЕ ДО ПОПОЛНУВАЊЕ НА СЛОБОДНИТЕ МЕСТА ЗА СЕКОЈ ТЕРМИН ВО НАРЕДНИТЕ 7 ДЕНА

* За ова патување т.е за влез во Турција според моменталните и најнови мерки коишто стапија на сила од 01.06 потребно е да исполнувате едно од наведените:

  • Потврда од ревакцинација
  • Негативен “PCR тест” не постар од 72h
  • Негативен брз серолошки тест не постар од 48h

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕТО:

http://www.ramadahotelkusadasi.com/

Ramada Hotel & Suites Kusadasi нуди сместување со 5 ѕвездички во Кушадаси. На располагање има своја приватна плажа, сезонски отворен базен и фитнес центар. Има и свој бар, тераса и ресторан во кој се служи интернационална кујна, рецепција која работи 24 часа и бесплатен WiFi. Секоја соба располага со ТВ со кабелски канали. Во хотелот се служи континентален или појадок на шведска маса. Гостите на Ramada Hotel & Suites Kusadasi можат да се релаксираат во сауна. Можете исто така да играте тенис на маса во овој хотел со 5 везди. Марина Кушадаси е на 1,9 км од хотелот, додека аеродромот Аднан Мендерес во Измир е на 77 км од хотелот.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu