На 400 метри од прекрасната
плажа

Вила Анџелко – Вилата е лоцирана на околу 400м. од прекрасната плажа на Макарска обиколена со зелени површини. Сите соби се комплетно опремени имаат клима и располагаат сопствен тоалет и сопствен балкон.

- – Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)
- – Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (9 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица на соба/студио.
- – Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- – Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
- – Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%.
- – Дете 0-2 години: бесплатно
- – Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- – Доплата за 9 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 140 EUR / 70 EUR за деца 2-12 год., (со резервација).
* Услугата полупансион се користи во ресторанот во Хотел Бонаца (се наоѓа во близина на хотел Биоковка)
* Употреба на клима уред, се доплатува во објектот (каде што е достапно, околу 5€/ден)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- – Превоз со туристички автобус на наведената релација
- – Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 9 ноќевања
- – Туристичка такса за престој
- – Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
- – Организација и реализација на аранжманот.
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- – Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме – полиса без франшиза)
ЗАБЕЛЕШКИ:
- – За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
- – Само превоз (автобус) 90 € (за деца 2-12год 45 €)
- – За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- – За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и ЕКСТРА БУС
ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
01 ден: СКОПЈЕ – МАКАРСКА
Состанок на групата во 16:30 часот на паркингот пред хотел “Holiday Inn”, заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.
02 ден: МАКАРСКА
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.
од 03 до 10 ден: МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) или студија (со тоалет и кујна) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.
11 ден: МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови (во 16:00ч.). Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.
12 ден: СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.
