Вила Арго – Врахос
Вила Арго – Врахос
Villa Argo е лоциранa на првата линија од објекти изградени долж шеталиштето крај долгата плажа на Врахос. Скалесто поставен врз падините на блискиот зелен рид, овој објект се карактеризира со повеќе убаво опремени студија и апартмани, сите ориентирани со странични или директни погледи кон морето. Сите единици располагаат со мини кујни, спални соби, тоалети и балкони со гарнитури за седење, а апартманот на најгорниот кат со “француски балон” и најубава панорама кон морската шир. Близината на песочната плажа и шеталиштето, како и бројните туристички содржини во местото, ветуваат дека сместувањето во оваа вила е одличен избор за вашиот планиран летен одмор.
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
- За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Употребата на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен),
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во 01:10 ч. (патарина Градско)
– Росоман, во 01:20 ч. (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во 02:15 ч. (БП Лукоил)
– Битола, во 03:15 ч. (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне..
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
