Вила Елса

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Неи Пори, Грција

Датум

27 јуни – 07 септември 2020

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Бесплатно сместување за 3-то и 4-то лице во студио

Вила “ELSA се наоѓа на одлична лoкација во центарот на Неи Пори на 50m од плажа, во близина на хотел Олимпик Бич. Вила со одличен квалитет и голем комфорт на студијата, купатилата и балконите. Сите студија се четворокреветни (две дупли легла) и се наоѓаат на приземје, I и II кат. Секое студио е опремено со: кујна со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер, тоалет, TV, гардеробер, просторни тераси со тенда за сонце со масичка и столчиња со поглед кон улица (некои студија и со поглед на море). Wi-Fi интернет – бесплатен, клима со доплата 5€ од ден на лице место. Вилата поседува лифт за гостите.  Студијата се наоѓаат на приземје, I и II кат. Сите студија се со одличен квалитет и доста просторни. Обезбеден простор за багаж на денот на сместување/заминување на гостите.

НАПОМЕНА

  • –  Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  • –  Цените  со*, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • –  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  • –  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  • –  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  • –  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 09:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  • –  Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
  • –  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Струмица / Гевгелија;
  • –  Автобусот ги остава/зема патниците пред вилата.
  • –  Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН!!
  • –  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НE важат за првиот и последниот термин.

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

  • –  За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10%попуст на вториот термин;
  • –  За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
  • –  Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
  • –  Доплата за клима – 5€ од ден (се плаќа на лице место);
  • –  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
  • –  Доплата за патничко осигурување.
Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu