Вила Филоксениа – Врахос
Вила Филоксениа – Врахос
Villa Philoxenia се состои од два објекта кои се наоѓаат во близина на плажата од левата страна на Врахос, гледано во правец кон Превеза и Лефкада. Вниманието на гостите го привлекува со нејзиниот современ изглед, пространиот и со зеленило збогатен двор, како и со убаво уредените единици за сместување. Сите единици се карактеризираат со посебни спални соби, дневни соби до каучи на отворање, мини кујни, тоалет и балкони со гарнитури за седење. Близината до големата плажа, како и до останатите содржини во ова попознато туристичко место, вилата Филоксенија ја издвојуваат како квалитетен објект за престој во текот на летната сезона. Евентуалната потреба за паркинг е можна во непосредна близина на објектот.
Цените се дадени по лице за наем на студио за 7 ноќевања со вклучен превоз, за минимум 2 лица во студио/апартман.
- За 3, 4 и 5 лице во студио/апартман се доплатува само превоз (за возрасен или дете).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).
ИНФОРМАЦИИ, ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– Употребата на клима уред (ac+) се доплатува 7€ на ден во објектот (каде што е достапен),
– Доплата за туристичка такса 0,5 € – 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
– Задолжително е патничко осигурување (можност за уплата во агенцијата, осигурување за 8 дена од 250 ден по лице).
АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ
Цена на повратен автобуски превоз: 70 EUR (50 EUR за дете 2 до 12 год.)
Автобуски превоз, места и сатница на поаѓање:
– Скопје, во 00:30 ч. (паркинг на спортскиот центар “Борис Трајковски”)
– Велес, во 01:00 ч. (бензиска пумпа, мотел Македонија)
– Градско, во 01:10 ч. (патарина Градско)
– Росоман, во 01:20 ч. (БП Црна Река петрол 1)
– Прилеп, во 02:15 ч. (БП Лукоил)
– Битола, во 03:15 ч. (паркинг кај спортска сала)
Поаѓање од Грција:
– Истиот ден попладне.
– Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
Отказни трошоци во случај на отказ на услугите
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето/услугите и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот).
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. Препорачуваме “Осигурување од ризик – отказ на аранжман“!
Отказните трошоци што се наплатуваат во случај патникот да се откаже од резервираната услугата / индивидуален престој се следниве:
– за отказ до 30 дена пред патувањето 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето 50%
– за отказ од 14 до 10 дена пред патувањето 80%
– за отказ од 09 до 06 дена пред патувањето 90%
– за отказ од 05 до 0 дена пред патувањето или во текот на патувањето 100%.
За износот на отказните трошоци, постои можност организаторот на патување да му издаде ваучер на патникот за користење на одредени услуги во одреден период, доколку давателите на услуги (хотелот, превозникот и др.) го прифатат тоа.
