Вила “ЈОТИС ” – Јерисос

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Јерисос, Грција

Датум

17 мај – 20 септември 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Вила “ЈОТИС ” – Јерисос

10% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 50% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023
12% ПОПУСТ ЗА УПЛАТА НА 100% ОД ЦЕНАТА ДО 11.12.2023

20 мeтри од  ПЛАЖА

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос.Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци.Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата “ЈОТИС“е убава, стандардно опремена вила и се наоѓа на 20 метри од плажа. Секој апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар,респиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна,купатило и вц,спална соба,тераса,тв,клима уред и ви-фи конекција.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05; 24.05; 31.05; 06.09; 13.09 и 20.09.2024)

ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАНИ  ЗА 7 НОЌИ
-За пакет аранжманот во апартман потребни се минимум 2 лица;
-трето,четврто,петто лице се сместуваат
бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат 45€ за возрасен или 35€ за дете од 02 – 12 години;
– дете до 02 години не плаќа(бесплатно);
– за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива
10€ по лице

КОРИСТЕЊЕТО НА ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО
ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ (ГОЛЕМ) И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

ЗА РАНО ЗАРЕЗЕРВИРАЊЕ(EB) СЕ УПЛАТУВА АВАНС 50% ОД ВРЕДНОСТА НА АРАНЖМАНОТ ДОДЕКА ТРАЕ АКЦИЈАТА.ОСТАТОКОТ ОД 50% 21 ДЕН ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

НАПОМЕНИ:

-ПАТНИЦИТЕ ТРЕБА МИНИМУМ 48 ЧАСА ДА СЕ ИНФОРМИРААТ ЗА ЧАСОТ И МЕСТОТО НА ПОАЃАЊЕ;

-ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА  ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;

-ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);

– ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;

– КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;

– ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА  САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;

– ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ДВАЕСЕТ И ЕДЕН ДЕН (21) ПРЕД ПОАЃАЊЕ;

– ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ;

-ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА) САМО ДОКОЛКУ  ПАТНИКОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;

– ВО СЛУЧАЈ НА ПРОМЕНА НА ЦЕНИТЕ(ЗГОЛЕМУВАЊЕ ИЛИ НАМАЛУВАЊЕ) СО ОБЈАВУВАЊЕ НА НОВ ЦЕНОВНИК НЕМА ДА СЕ МЕНУВА ЦЕНАТА НА ВЕЌЕ ДОГОВОРЕНИТЕ УСЛУГИ;

– ВО СЛУЧАЈ НА ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ  ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ;

– МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ ОСИГУРУВАЊЕ ОД РИЗИК – ОТКАЗ НА АРАНЖМАН ВО ОСИГУРИТЕЛНА КОМПАНИЈА;

– *ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО СТУДИЈАТА , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МЕСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА ИЛИ ПО ВРАЌАЊЕТО АГЕНЦИЈАТА ЌЕ ПОБАРА НАПЛАТА ОД ПАТНИКОТ ЗА ШТЕТА;

-*АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;

-ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА 1 € ОД НОЌ ЗА АПАРТМАН (доколку дојде до промена на цената за туристичката такса од страна на грчките власти,цената ќе биде променета

АПАРТМАНИТЕ:
ИМААТ ПЕШКИРИ;
ИМААТ ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

45 € за возрасни – повратна карта
35€ за деца до 12 години – повратна карта;
30 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ВИЛА ЈОТИС –  (ОПИС НА АПАРТМАНИ)

I кат

АПАРТМАН  БР.1 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна.Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од спалната и од кујната се излегува на тераса со маса и столици.Во ходникот има плакар за алишта.Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.

АПАРТМАН БР.2 (1/2+1/2) – 4 лица
Апартманот располага со кујна ,една спална, купатило со WC и тераса со маса и столици со страничен поглед на море. Во кујната има два поединечни кревети,тв,клима уред и кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар ,аспиратор,голем фрижидер,ел.шпорет со рерна. Во спалната соба има еден дупол кревет со натказни.Од кујната се излегува на тераса со маса и столици со страничен поглед на море.Во ходникот има плакар за алишта. Апартманот е опрмен на сите прозори со комарници.

II кат

ДУПЛЕКС –МЕЗОНЕТА БР.4 (1/2+1/3) – 5 лица
Дуплексот се наоѓа на втори кат и е составен од две спални соби + кујна + купатило со вц + тераса.Во првата спална соба има еден дупол кревет, плакар за алишта и излегува на тераса. Втората спална соба е со внатрешни скали и има еден дупол кревет и еден поединечен кревет, плакар за алишта ,тв,клима.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар, голем фрижидер, ел.шпорет со рерна,аспиратор.Во кујната има ТВ ,клима уред и голема маса.Има стандардно купатило со WC.Дуплекс Мезонета е опрмен на сите прозори со комарници.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287