Вила Koulas | Neos Marmaras

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Неос Мармарас, Грција

Датум

20 мај – 01 октомври 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

Вила Koulas | Neos Marmaras

Вилата „Koulas“  во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија се наоѓа на извонредна локација-на само 100 метри од плажата „Paradisos“ која е лоцирана на почетокот од градот. Од центарот на Неос Мармарас е оддалечена помалку од еден километар. Вилата располага со трокреветни студија кои се наоѓаат на првиот спрат и имаат големи тераси со поглед на улица кои се заштитени со тенди. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни (решо, мал фрижидер со мини комора и основни садови за готвење и јадење), купатила, телевизори и клима уреди  чие користење  е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во студиото. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Студијата се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Пред вилата има простор каде можете да ги паркирате своите возила.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu

Warning: call_user_func_array() expects parameter 1 to be a valid callback, function 'monsterinsights_tracking_script' not found or invalid function name in /home/customer/www/ekstrabus.com.mk/public_html/wp-includes/class-wp-hook.php on line 287