Вила Мариа

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Неа Флогита, Грција

Датум

23 мај 2020 – 26 септември 2020

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Се наоѓа на 50 метри
од плажа

Вила МАРИА е лоцирана во центарот на Неа Флогита,во близина хотел Корфу, и на околу 50 м. од плажата. Располага со четворокреветен апартманпростран, модерно дизајнирани, со комплетно опремена кујна, WC,LCD -TV со Тотал ТV ,клима (вклучена во цената), и две пространи тераси.
Доплата за туристичка такса 0,5 евра на ден во агенција .

10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ И ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 29.02.2020

Цени за термини по типови простории и услуги:

Услови под кои важи аранжманот

Цените СО * се однесуваат за 7 ноќевања по лице со вклучен превоз, за минимум две лица (Трето , четврто ,пето и шесто лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз).

Цените со ознака ПРОМО се цени по лице според соодветниот капацитет

Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.

За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.

Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.

Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио или апартман .

Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:

  • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
  • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра)
  • Деца до 2 години бесплатно, без седиште

За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.

Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Користењето на клима-уред, интернет е вклучено во цената .

Aгенцијата не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.

Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.

Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените како и самата агенција.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu