Vila Mersinis | Neos Marmaras

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Неос Мармарас, Грција

Датум

20 мај – 27 септември 2024

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / info@ekstrabus.com

Vila Mersinis | Neos Marmaras

Вила Mersinis“ во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се` што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello“ и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach“. Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Mersinis“ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.

ВилаMersinis“има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи.Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

No results found.
Menu