Вила Перикле

Туристичка Агенција Екстра Бус
Локација

Јерисос, Грција

Датум

17 мај 2020 – 20 септември 2020

Контакт

043 420 020 / 072 230 200 / booking@ekstrabus.com

Се наоѓа на
самата плажа

ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Атос. Има прекрасна долга песочна плажа  која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите,  супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

Вилата “ПЕРИКЛЕ“ е убава , стандардно опремена вила и се наоѓа на неколку чекори од море . Секоја апартман има кујна стандардно опремена со кујнски инвентар додека во дуплексот има две купатила со вц.Секаде има големи фрижидери и ел.шпорет со фурна. Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет,тераси и заедничка тераса опремена со кујна за дружење на гостите во вечерните часови.

ЦЕНИТЕ ЗА ТЕРМИНИТЕ (17.05; 24.05; 31.05; 07.06; 14.06; 30.09; 06.09;13.09 и 20.09)   ОЗНАЧЕНИ СО ЗВЕЗДИЧКА * ВО ТАБЕЛАТА СЕ  ПАКЕТ АРАНЖМАНИ И СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ СО ВКЛУЧЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ   

ОСТАНАТИТЕ  ЦЕНИ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН или ДУПЛЕКС  ЗА 7 НОЌИ

  • -За пакет аранжманот во студио или апартман потребни се минимум 2 лица;
  • -трето,четврто,петто или шесто лице се сместуваат бесплатно, доплаќаат само превоз доколку користат-35€ за возрасен или 25€ за дете од 02 – 12 години;
  • – дете до 02 години не плаќа(бесплатно) не користи седиште во автобус;
  • – за патување со сопствен превоз за пакет аранжманите се одбива 10€ по лице

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

ВИЛАТА ИМА ГОЛЕМ ПАРКИНГ , КОЈ ГО КОРИСТАТ ТУРИСТИТЕ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО.ПАРКИНГОТ Е БЕСПЛАТЕН.
НАПОМЕНИ:

-ПРЕВОЗОТ ЗАСТАНУВА ДО НАЈБЛИСКАТА ЛОКАЦИЈА  ОД СМЕСТУВАЧКИОТ КАПАЦИТЕТ КАДЕ Е ВОЗМОЖНО ДА ЗАСТАНЕ;
– ЦЕНИТЕ СЕ ДАДЕНИ ВО ЕВРА, А УПЛАТАТА Е ИСКЛУЧИВО ВО ДЕНАРСКА ПРОТИВВРЕДНОСТ (1€=62 ден.);
– ЗА УПЛАТИ НА ДВА АРАНЖМАНИ 7+7 НОЌЕВАЊА ОДОБРУВАМЕ 10% ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА;

– КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;

– ЗА ВАЖЕЧКА РЕЗЕРВАЦИЈА СЕ СМЕТА  САМО СО УПЛАТА НА 30% ОД ЦЕЛОСНАТА ВРЕДНОСТ НА АРАНЖМАНОТ;

– КОГА ИМА АКЦИСКИ ПОПУСТ ИЛИ КОГА ЕДНАТА СМЕНА Е СО ЗВЕЗДИЧКА НА ВТОРАТА СМЕНА НЕ СЕ ОДОБРУВА ДОПОЛНИТЕЛЕН ПОПУСТ;

– ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА НА АРАНЖМАНОТ Е СЕДУМ ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ;

– ВО СЛУЧАЈ НА ВЕЌЕ УПЛАТЕНИ АРАНЖМАНИ СО ПОПУСТИ И РАНИ ЗАПИШУВАЊА,СРЕДСТВАТА НЕ СЕ ВРАЌААТ ДОКОЛКУ ПАТНИКОТ СЕ ОТКАЖЕ ОД ПАТУВАЊЕТО, ИСКЛУЧОК СЕ ПРАВИ(ПОВРАТОК НА СРЕДСТВА)  САМО,ДОКОЛКУ  ГОСТИНОТ САМ СИ НАЈДЕ ЗАМЕНА ЗА ВЕКЕ РЕЗЕРВИРАНАТА СОБА ;

– ВО СЛУЧАЈ НА НАПРАВЕНА ПОГОЛЕМА ШТЕТА ВО  АПАРТМАНИТЕ ИЛИ ДУПЛЕКСИТЕ  , СОПСТВЕНИКОТ НА ВИЛАТА МОЖЕ ДА НАПЛАТИ НА ЛИЦЕ МСТО ЗА НАПРАВЕНАТА ШТЕТА;

-АГЕНЦИЈАТА НЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА КВАЛИТЕТОТ И БРЗИНАТА НА ИНТЕРНЕТ КОНЕКЦИЈАТА;

ТУРИСТИЧКА ТАКСА СЕ ПЛАЌА ВО АГЕНЦИЈА ЗА АПАРТМАНИТЕ И ДУПЛЕКСИТЕ 1€ ОД НОЌ ОД СОБА;

АПАРТМАН И ДУПЛЕКСИТЕ:

  • ИМААТ ПЕШКИРИ,САПУН , ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА ;
  • ЗДРАВСТВЕНА ПРЕПОРАКА: 1,5  ЧАС ПОСЛЕ ЈАДЕЊЕ ДА НЕ СЕ ИНТЕНЗИВНО ПЛИВА

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:

  • 35 € за возрасни – повратна карта;
  • 25€ за деца до 12 години – повратна карта;
  • Деца до 02 години бесплатно – не користи седиште

ВИЛА “ПЕРИКЛЕ” ЈЕРИСОС –  (ОПИС НА  АПАРТМАН и ДУПЛЕКСИ)

Високо Приземје
ДУПЛЕКС  БР.2 (1/3+1/2) – 5 лица
Дуплексот располага со две спални соби,една кујна и две купатила со WC. Во едната спалната соба има кревети на спрат каде што долниот е  дупол кревет ,горниот кревет е единечен кревет и плакар за алишта, тв, клима уред.Од оваа соба се излегува на тераса со поглед на море.Истата соба има  сопствено купатило и вц.Во втората спална соба има два поединечни кревети,плакар за алишта,клима уред,сопствено купатило и вц и излегува на тераса со поглед на море.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар,фрижидер,аспиратор и мини шпорет со фурна.

АПП БР.3 (1/3+1) – 4 лица
Апартманот располага со една спална, кујна и купатило со WC. Во спалната соба има кревети на спрат каде што долниот е  дупол кревет ,горниот кревет е единечен кревет и плакар за алишта, тв, клима уред.Од оваа соба се излегува на тераса со поглед на море.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар,голем фрижидер, мини шпорет со рерна има еден поединечен кревет и излегува на терса со поглед на море.

ДУПЛЕКС  БР.4 (1/3+1/2) – 5 лица
Дуплексот располага со две спални соби,една кујна и едно купатило со WC. Во едната спалната соба има кревети на спрат каде што долниот е  дупол кревет ,горниот кревет е единечен кревет и плакар за алишта, тв, клима уред.Од оваа соба се излегува на тераса со страничен поглед на море. Во втората спална соба има еден дупол кревет,плакар за алишта,клима уред, и излегува на тераса со страничен поглед на море.Кујната е комплетно опремена со кујнски инвентар,фрижидер,аспиратор и мини шпорет со фурна.

Форма за резервација

Можеби ќе те интересира

Menu